Кенигзе () — мал град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 12 километри источно од Илменау и 35 километри јужно од покраинскиот главен град Ерфурт. До 2018 година бил наречен Кенигзе-Ротенбах.
Географија
Кенигзе се наоѓа во северозападниот дел на округот Залфелд-Рудолштат на височина од 377 метри.
Соседни места
Градот се граничи со следниве единици (почнувајќи од север, надесно): Штатилм, Рудолштат, Бад Бланкенбург, Бехштет, Алендорф, Зицендорф, Унтервајсбах, Шварцатал, Гросбрајтенбах и Илменау.
Градски единици
Градот територијално е поделено на 24 места:
Градска единица Места КенигзеКенигзе, Дернфелд на Хајде, Гарзиц, Хорба, Лихта, Оберкедиц и Унтеркедиц како Кедиц, Обершеблинг, Унтершеблинг РотенбахРотенбах, Хенгелбах, Лојтниц, Милбиц, Паулинцела, Квителсдорф, Золсдорф, Шторхсдорф, Телендорф ОберхајнОберхајн, Баригау, Манкенбах, Унтерхајн ДребишауДребишау, Егелсдорф
Историја
Денешниот град бил создаден на 31 декември 2012 година со спојување на поранешниот град Кенигзе и општината Ротенбах под името Кенигзе-Ротенбах. На 1 јануари 2019 година, поранешните општини Дребишау и Оберхајн биле припоени кон градот и името повторно било променето во Кенигзе.Thüringer Gesetz zur freiwilligen Neugliederungkreisangehöriger Gemeinden im Jahr 2019, § 23, p. 802
Политика Градски совет
Градскиот совет на градот Кенигзе се состои од 20 членови.
Првите општински избори на 14 април 2013 година и изборите на 26 мај 2019 година ги дале следниве резултати:
Партии и листи 2013 2019 % Места % МестаIWW FWIWW-Слободни гласачи Кенигзе(-Ротенбах)23,5521,14TKТим Кенигзе––18,04FWGСлободно гласачко друштво Кенигзе(-Ротенбах)22,9416,93CDUДемохристијански сојуз на Германија21,6414,23UWGKНезависно гласачко друштво Кенигзе8,0211,62LINKEЛевица отворена листа/Левица8,928,52WG FFWИзборна група Доброволни противпожарникари4,615,81FDPСлободна демократска партија4,613,81SPDСоцијалдемократска партија на Германија5,81–– Вкупно 100,0 20 100,0 20 Излезност во % 66,2 62,5
Градоначалник
Градоначалник на градот е Марко Вашковски (независен), избран на 31 март 2019 година во прв круг.
Збратимени градови
Кенигзе е збратимен со следниве градови: Ербах, Германија Ирсов, Франција
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Залфелд-Рудолштат