Градиште 2 ― археолошко наоѓалиште во виничкото село Виничка Кршла. Претставува утврдена населба од железното време и доцноантичкото време. На висок рид со доминантна местоположба над Драгобрашка Река се зачувани остатоци од бедем, а по површината се среќаваат делови од керамички садови.
Поврзано Барбашки Дол — некропола и тумули од железното време; Вршник — могила од римското време; Градиште 1 — некропола и тумули од железното време; Ѓафурски Лозја — населба од римското време; Кршлански Гумења — некропола од железното време; Могила — населба и могила од римското време; Русалски Гробишта — некропола од железното време; Сушица — населба и некропола од римското време; Коколов Рид — населба од раното и доцното бронзено време и железно време. Виничка Кршла Список на средновековни некрополи во Македонија
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Виница Категорија:Виничка Кршла