Антимилос () ― грчки остров на Кикладите, 21 км северозападно од Милос. Административно е дел од општината Милос. Антимилос е ненаселена маса од трахит (висина од 671 м), често наречена Еримомилос (Пустински Милос). Станува збор за вулкански остров и кратерот се уште е очигледен. Античките жители го преобразиле кратерот во отворен резервоар за дожд. На островот живее ретка варијација на обичната коза, наречена Capra aegagrus pictus. Таа е слична, но не иста како критската коза позната како „ кри-кри “ (Capra aegagrus creticus).
Историја Според толкувањето на Хомеровата „Одисеја“, тоа е островот на богот на сонцето Хелиј, каде што придружниците на Одисеј го заклале светиот добиток на богот на сонцето. Претходно, островот бил познат и по името Ефира () или Ефора (Έφορα, што значи „караула“), бидејќи можело да се набљудува морето од највисоката точка на долги растојанија.
Населување во праисторијата може да се претпостави поради остатоци од ѕидови и врвови од стрели направени од обсидијан пронајдени на островот. Пронајдени се и остатоци од цистерна најверојатно од римско или ранохристијанско потекло.
Наводи
Надворешни врски
Службена мрежна страница на Oпштина Милос (на грчки и англиски)
Категорија:Вулкани во Грција Категорија:Киклади Категорија:Острови во Грција Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Егејски Острови