Трпеза или Ѕидини — археолошко наоѓалиште во кумановското село Колицко. Претставува населба со некропола од римско време.
Наоѓалиштето е сместено на зарамнето плато кое на едната страна преминува во блага падина.
На западната периферија на селото, во нивата на Михаил Спасовски, како и во соседните ниви, на површина од околу 2 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, плочи и темели од градби. Во нивата на Војо Арсов е најдена плоча со римски натпис.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско
Наводи