Свети Атанасиј – манастирска црква на Старавинскиот манастир.

Историја Од мермерна плоча со ктиторски натпис пред влезот на црквата се забележува дека таа била изградена во 2006 година.

Архитектура Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со шестаголна апсида на источната страна и осумаголна купола со по една монофора на секоја страна. Кон западната страна е доградена мала отворена припрата. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на северната страна којшто води до вестибулот. Објектот во целост е обоен во бела боја со ниско кафеаво цокле и е покриен со кров од ќерамиди.

Галерија

Поврзано Старавински манастир Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (стара) Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Старавина Горна црква Старавина Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Старавинска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Старавински манастир Категорија:Старавина Старавина