Зграда на Италијанскиот конзулат — архитектонска знаменитост во градот Битола Се наоѓа на улица Солунска бр. 226.

Историја Зградата е изградена кон крајот на XIX - почетокот на XX век. Таму се наоѓал Италијанскиот конзулат во градот.

Архитектура Зградата е архитектонски еклектична со неокласични елементи - тимпани, капители и друго. Се состои од визба, приземје и кат. Северната и источната фасада имаат симетрично сместени отвори, со тимпани над прозорците на првиот кат, со богат профил, каков што има околу прозорските прагови. Првиот кат и визбата се одделени со меѓуподни корнизи, а покривниот корниз е богато профилиран.

Наводи

Категорија:Култура на Битола Категорија:Историја на Битола Категорија:Знаменитости во Битола Категорија:Згради и градби во Битола