Анастас (Наце) Николов - македонски зограф и резбар, претставник на Дебарската школа.

Биографија Роден е во втората половина на XIX век во дебарското мијачко село Тресонче, во семејството на познатиот зограф Никола Дамјанов. Потекнува од големиот зографски род Рензовци. Работел како учител во Прилеп, Гевгелија и на други места. Како и неговите роднини се занимавал и со резбарство - учествувал во резбањето на иконостасот на црквата „Св. Димитрија“ во Скопје. Подоцна се преселил во Штип.

Категорија:Македонски зографи Категорија:Претставници на Дебарската школа