Ќуле или Градиште — археолошко наоѓалиште во охридското село Куратица. Претставува кула од средниот век.

На зарамнетото плато од ридот што се издига источно од селото и североисточно од наоѓалиштето Кулишта се гледаат остатоци од урнати ѕидови кои во основата образуваат полукруг. Најверојатно станува збор за осамен утврден објект — кула за набљудување.

Поврзано Горно Село — средновековна црква и некропола Кулишта — утврдена населба од доцноантичко време Манастириште — средновековна црква Трно Селиште - Аноите — средновековна населба

Наводи