Горица — археолошко наоѓалиште во охридското село Годивје, Општина Дебрца. Претставува тумба со две цркви од средниот век. Едната од нив денес е обновена.
Местото се наоѓа на околу 3 км југоисточно од селото и десно од меѓуселскиот пат Годивје - Сливово. Во средишниот дел на зарамнетиот врв се забележуваат урнатини од две цркви. Според особеностите, едната е без можности за дефинирање на обликот, но е постара, а другата, градена подоцна, има облик на еднокорабна градба со полукружна апсида.
Во близината се забележуваат гробни конструкции со насоченост запад-исток. Според постарите жители од селото, обете биле посветени на Апостол Вартоломеј.
Обнова Обновата на едната од нив е почната во 2018 г. и по завршувањето на сите работи, храмот „Св. Вартоломеј“ е осветен од митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски на 24 јуни 2020 г.
Поврзано Војо — населба од средниот век Кула — опидум и тврдина од хеленистичко време, доцноантичко време и средниот век Св. Спас - Црквиште — сакрален објект од средниот век Трумени Гумења — црква од средниот век Черенец — населба од неолитот
Наводи