Каменица — населба од доцноантичкото време. На околу 4 километри јужно од селото, од левата страна на потокот Каменица, при обработувањето на земјата биле откриени темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Авлија — некропола — могила од римското време; Градиште — градиште од римското време; Лаките-Селиште — населба од римското време; Поповица — некропола — тумули од железното време; Присој — населба од доцноантичкото време; Селиште — населба од римското време; и Чука — могила од римското време.
Наводи
Категорија:Будинарци