Николас Вилијам Калатес (роден на 7 февруари 1989 година) е грчки кошаркар, плејмејкер на Барселона и на грчката репрезентација.
Кариера Роден во САД, Калатес започнал да игра кошарка во средното училиште Лејк Хауел. Потоа, тој продолжил да игра колеџ-кошарка на универзитетот Флорида за екипата на Флорида Гејторс, каде поминал две години. Тој пружил одлични игри на колеџот, прославувајќи се како најдобар асистент во својата екипа во двете сезони, но и покрај тоа што му се предвидувала блескава НБА иднина тој се решил да ја започне својата кариера во екипата на Панатинаикос со која потпишал договор во мај 2009 година. Во меѓувреме, тој исто така учествувал на НБА драфтот, каде бил избран како 45-ти пик.
Калатес дебитирал за Панатинаикос во сезоната 2009-2010 и оттогаш со тој клуб освоил две титули во грчкото првенство, еден национален куп и титулата во Евролигата во сезоната 2010-2011. Во летото 2012 година, Калатес потпишал договор со руската екипа Локомотив Кубан. Со одличните игри во текот на сезоната, тој ја предводел руската екипа до титулата во УЛЕБ Еврокупот, а потоа бил избран и за најкорисен играч во натпреварувањето.
Во август 2013 година, Калатес потпишал двегодишен договор со НБА екипата Мемфис Гризлис. Своето НБА искуство го започнал на 30 октомври 2013 година, кога дебитирал во натпревар против Сан Антонио Спарс играјќи 4 минути во кои забележал два поени, два скока и една асистенција. Во април 2014, тој бил суспендиран од лигата заради тоа што бил позитивен на допинг-тест.
Во јули 2015, тој се вратил во екипата на Панатинаикос помагајќи му на клубот да освои уште три титули во грчкото првенство и три купа. Покрај тоа, тој се нашол во првата постава на идеалниот тим на Евролигата за сезоните 2017-2018 и 2018-2019. Во јули 2020 година, Калатес се преселил во шпанската екипа Барселона. Во првата сезона со нив тој ги освоил првенството и купот на Шпанија и стигнале до финалето на Евролигата каде загубиле од Анадолу Ефес.
Титули Клупски
Еврокуп : 1 2012-2013
Евролига : 1 2010-2011 Грчко првенство : 5 2009-2010, 2010-2011, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019. Куп на Грција : 4 2012, 2016, 2017, 2019. : Шпанско првенство : 1 2020-2021. Куп на Шпанија : 1 2021.
Поединечни Идеален тим на Евролигата — прва постава (2): 2017-2018, 2018-2019 Најкорисен играч на Еврокупот (1) : 2012-2013 Идеален тим на Еврокупот — прва постава (1) : 2012-2013 Најкорисен играч Куп на Грција (1): 2019.
Репрезентативни Европско првенство: Податотека:Bronze medal icon.svg 2009.
Надворешни врски Ник Калатес на Basketball-reference.com, Sports Reference LLC. Ник Калатес на realgm.com, RealGM LLC. Ник Калатес на Eurobasket.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Грчки кошаркари Категорија:Играчи на КК Панатинаикос Категорија:Играчи на КК Локомотив Кубан Категорија:Играчи на Мемфис Гризлис Категорија:Играчи на КК Барселона Категорија:Играчи на КК Фенербахче Категорија:Родени во 1989 година