Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во гевгелиското село Петрово, Македонија.
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.
Местоположба
Црквата се наоѓа во самото село.
Историја
Црквата е стара, изградена пред 1860 година. Сепак, првичната црква била опожарена околу 1860-1861 година. Подоцна, во 1867 година црквата била обновена со доброволни прилози од месното население, што може да се види од натписот над јужниот влез во храмот (од надворешната страна).
Градител на овој храм бил Андон Китанов.
Архитектура
Според својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со дрвени тавени, со полукружна апсида на источниот ѕид, како и со женски дел на западната страна. Средишниот кораб ги надвишува двата странични кораба. Покривот на црквата е на две води, потпрена на два реда колони од по три столба со капители, кои го одвојуваат средишниот кораб од страничните кораби.
Фрескоживопис
Црквата поседува убав фрескоживопис, насликан на северниот и на јужниот ѕид.
Иконостас
Црквата поседува иконостас во резба. Сите икони во самиот иконостас потекнуваат од век и ги имаат имињата на дарителите.
Галерија
Поврзано Гевгелиско архијерејско намесништво Миравска парохија Петрово
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Петрово Петрово