Денови на хрватскиот јазик () е годишен еднонеделен културен настан основан од Матица Хрватска, кој го слави хрватскиот јазик. Се одржува од 11 - 17 март. мини|Објавување на Декларацијата за статусот и името на хрватскиот стандарден јазик во загребскиот Телеграм Првпат се одржал по независноста на Хрватска во 1991 година. Во 1997 година, хрватскиот парламент објавил дека официјално ќе биде обележана Декларацијата за статусот и името на хрватскиот стандарден јазик, објавена точно триесет години порано.
Неделата е обележана со културни и литературни настани низ Хрватска, како и меѓу Хрватите во Босна и Херцеговина.
Извори
Dani hrvatskoga jezika (хрватски) Категорија:Хрватски јазик Категорија:Хрватска култура