Крст или Жешка Вода — археолошко наоѓалиште во радовишкото село Раклиш. Претставува населба-викус од римското време. На 250 м источно од селото, од двете страни на асфалтниот пат за селото Ораовица, се среќаваат делови од керамички садови, тегули и имбрекси, и монети, а најдена била и мала бронзена статуа на Хермес.

Поврзано Јазо — населба од доцноантичкото време; Казаница — вила рустика од римското време; Скрдо — вила рустика од римското време. Раклиш; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи