Света Атанасиј — главна селска црква во гевгелиското село Габрово, Македонија.

Црквата се наоѓа на самото сретсело, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

Црквата се наоѓа во самото средиште на селото.

Историја

Црквата била подигната во 1851 година, што може да се види од записот на еден камен блок над крстот на западната фасада, што всушност претставува дел од првобитната црква.

Архитектура

Според својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со обоени дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. На источниот ѕид има голема полукружна олтарна апсида, а на јужната и западната страна има отворен трем. Покривната конструкција, која е на две води, се држи на шест колони во два реда (по три столбови).

Градител на овој храм е познатиот Андон Китанов.

Фрескоживопис

Црквата добила фрескоживопис неколку години по нејзината изградба, во текот на втората половина век од Димитар Андонов-Папрадишки.

Иконостас

Црквата поседува иконостас исполнет со стари и нови икони кои потекнуваат од и век.

Галерија

Поврзано Гевгелиско архијерејско намесништво Миравска парохија Габрово

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Габрово (Гевгелиско) Габрово Категорија:Дела на Дебарската школа