Мирка Љубева Настеска ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Потекнувала од семејство, кое претежно се занимавало со земјоделство. Определена за борба со фашистичкиот окупатор, Мирка станала активен член на воспитните групи во селото Србјани, а како симпатизер на НОВ стапила во редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата учествувала во познатиот Февруарски поход, а по борбата кај Богомила се нашла во отцепената група со командирот Август и својот брат Киро кој, исто така, бил во Бригадата. Враќајки се кон Кичевијата, во селото Крапа биле фатени од бугарските војници, биле ѕверски мачени, а потоа стрелани кај месноста Барбарас на 12 февруари 1944 година.

Поврзано

Кичево и Кичевско во НОВ Киро Настески Масакр кај Барбарас

Наводи

Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ