Праисторија претставува временски период кој трае од појавата на човекот до појавата на некои од првите писма.

Праисториската археологија, на пример, го проучува временскиот период од најстарите регистрирани материјални остатоци, односно култури, до појавата на првите пишани документи во одредени култури. Во Европа праисториската археологија ги опфаќа палеолитот, мезолитот, неолитот, бакарното бронзеното и железното време.

Сумер во Месопотамија, долината на Инд и древниот Египет биле првите цивилизации кои развиле свои писма и ги зачувале историските записи. Ова се случило веќе во младото бронзено доба. Првите што следеле биле соседните цивилизации. Повеќето други цивилизации го достигнале крајот на праисторијата во железното време. Трипериодниот систем на праисторијата (камено време, бронзеното време и железното време), останува да се применува за голем дел од Евроазија и Северна Африка, но не се применува во оние делови од светот како што се Америка, Океанија, Австралија и поголемиот дел од Потсахарска Африка каде што изработката на тешките метали пристигнала нагло при контакти со евроазиските култури.

Овие области, освен некои случаи кај предколумбовските цивилизации во Америка, не развиле комплексни системи за пишување пред доаѓањето на Евроазијците, а нивната праисторија достигнува во релативно понови периоди.

Периодот кога културата е напишана од други, но не развила свое пишување, честопати е позната како протоисторија на културата. По дефиниција, од човековата праисторија нема пишани документи, па од суштинско значење е датирањето на праисториските материјали. Техниките за датирање не биле добро развиени до 19 век.Graslund, Bo. 1987. The birth of prehistoric chronology. Cambridge:Cambridge University Press.

Дефиниција мини|Праисториски човек и момче Почеток Терминот "праисториски" може да се однесува на огромниот временски период од почетокот на универзумот или Земјата, но почесто се однесува на периодот од кој на Земјата се појавил животот, или уште попрецизно до времето кога се појавиле човечките суштества.Fagan, Brian. 2007. World Prehistory: A brief introduction New York:Prentice-Hall, Seventh Edition, Chapter OneRenfrew, Colin. 2008. Prehistory: The Making of the Human Mind. New York: Modern Library

Крај Датумот што го обележува крајот на праисторијата во одредена култура или регион, односно датумот кога релевантните пишани историски записи стануваат корисен академски ресурс, се разликуваат од област до област. На пример, во Египет е општо прифатено дека праисторијата завршила околу 3200 п.н.е., додека во Нова Гвинеја крајот на праисториската доба е многу поскорешен, околу 1900 година од нашата ера. Во Европа, релативно добро документираните класични култури на Стара Грција и Рим имале соседни култури, вклучувајќи ги и Келтите и во помала мера Етрурците, кои сепак имале некакво писмо.

Временски периоди При поделбата на човечката праисторија, историчарите обично го користат системот од три периоди, додека научниците за предчовечките временски периоди обично го користат добро дефинираниот геолошки запис и меѓународно дефинираната база на слоеви во геолошката временска скала. Трипериодниот систем е периодизацијата на човечката праисторија во три последователни временски периоди именувана според нивните доминантни технологии за изработка на алатки: Камено време Бронзено време Железно време.

Потекло на терминот Терминот "праисторија" почнал да се појавува за време на просветителството во делата на антикварите кои го користеле зборот "примитивен" за да ги опишат општествата што постоеле пред пишаните записи. Според наједноставната дефиниција, поимот „праисторија“ е период од развојот на човештвото за кој нема никакви пишани документи.

Употребата на геолошката временска скала за предчовечкиот временски периоди, како и трипериодниот систем на човековата праисторија, е систем кој се појавил во доцниот 19 век во делата на британските, германските и скандинавските археолози, антикварите и антрополозите.Matthew Daniel Eddy (Ed.) (2011). Prehistoric Minds: Human Origins as a Cultural Artefact. Royal Society of London.

Средства за истражување Главен извор за праисторијата е археологијата, но некои научници почнуваат да користат докази и од природните и општествените науки.The Prehistory of Iberia: Debating Early Social Stratification and the State edited by María Cruz Berrocal, Leonardo García Sanjuán, Antonio Gilman. Pg 36.Historical Archaeology: Back from the Edge. Edited by Pedro Paulo A. Funari, Martin Hall, Sian Jones. Pg 8.Through the Ages in Palestinian Archaeology: An Introductory Handbook. By Walter E. Ras. Pg 49.

Првите истражувачи на човечката праисторија биле археолози и антрополози кои користеле ископувања, геолошки и географски истражувања и други научни анализи за да ја откријат и толкуваат природата и однесувањето на предписмените и неписмените народи. Генетичарите на човечката популација и историските јазичари исто така даваат вреден увид во овие прашања. Културните антрополози помагаат во обезбедувањето на контекст за општествените интеракции, со кои предметите од човечко потекло минувале помеѓу народите, овозможувајќи анализа на секој напис кој се појавува во човековиот праисториски контекст. Оттука, податоците за праисторијата се обезбедени од широк спектар на природни и општествени науки, како што се палеонтологијата, биологијата, археологијата, палинологијата, геологијата, археоастрономијата, компаративната лингвистика, антропологијата, молекуларната генетика и многу други.

Камено време

Палеолит

"Палеолит" значи "Старо камено доба", и започнува со првата употреба на камени алатки. Палеолитот е најраниот период на каменото време.

Младиот палеолитот претходи на Хомо сапиенс, почнувајќи од Хомо хабилис (и сродните видови) и најраните камени алатки, датирани пред околу 2,5 милиони години.The Essence of Anthropology 3rd ed. By William A. Haviland, Harald E. L. Prins, Dana Walrath, Bunny McBrid. Pg 83. Доказите за контрола на огнот кај првите луѓе за време на младата палеолитска ера се неизвесни. Најшироко е прифатено тврдењето е дека Х. еректус или Х. ергастер користеле оган меѓу 790.000 и 690.000 п.н.е (пред овој период) на наоѓалиштето Мостот на ќерките на Јаков, Израел. Користењето на огнот им овозможил на првите луѓе да готват храна, да обезбедат топлина и да имаат извор на светлина во текот на ноќта.

Х. сапиенс потекнува од пред 200.000 години, и живеел во средниот палеолит. Анатомските промени кои укажуваат на модерниот јазичен капацитет, исто така, се појавуваат за време на Средниот палеолит.Race and Human Evolution. By Milford H. Wolpoff. Pg 348. За време на средната палеолитска ера, постојат први дефинитивни докази за човечката употреба на оган. Во наоѓалишта во Замбија најдени се коски и дрво, кои биле датирани од 61.000 п.н.е. Систематски погреб на мртвите, музика, првата уметност и употребата на повеќе софистицирани орудија се одлика за средниот палеолит. Во тек на овој период луѓето главно живееле во номадски групацииVanishing Voices : The Extinction of the World's Languages. By Daniel Nettle, Suzanne Romaine Merton Professor of English Language University of Oxford. pp. 102–103. чија главна активност била ловот.

Мезолит

мини|Кану "Мезолитот" или "Средно камено доба" (од грчките зборови "мезос", "средиште" и "литос", "камен") бил периодот во развојот на човекот помеѓу палеолитскиот и неолитскиот период во каменото време.

Мезолитскиот период започнал на крајот од плеистоценот, околу 10.000 п.н.е, и завршил со воведувањето на земјоделството, чиј датум варирал согласно географските области. Во некои области, како што е Блискиот Исток, земјоделството веќе се спроведувало на крајот на плеистоценот, и тука мезолитот е краток и слабо дефиниран. Во областите со ограничено ледничко влијание, понекогаш се користи терминот "Епипалеолит".

Регионите кои доживеале поголеми влијанија врз животната средина со завршувањето на последното ледено доба, имаат многу поочигледна мезолитска ера, која траела со милениуми. Во Северна Европа, општествата успевале да живеат добро на богатите резерви на храна од мочуриштата, поттикнати од потоплата клима. Овие услови, исто така, го одложиле доаѓањето на неолитот сè до 4000 година п.н.е. (6000 пред сегашноста) во северните делови на Европа.

Мезолититот се одликува во повеќето области со мали композитни алатки за кревање,риболов и разни дрвени предмети, како на пр. кануа и лакови (најдени на некои локации). Овие технологии најпрвин се појавувиле во Африка, пред да се рашират во Европа преку иберомавританската култура во Северна Африка и кебаранската култура на Левант. мини|Влез во храм (Малта) 3900 п.н.е.

Неолит мини|216x216пкс|Низа неолитски артефакти, вклучувајќи секири, длета и алатките за полирање.

"Неолит" значи "Ново камено доба". Иако имало неколку видови човечки суштества за време на палеолитот, во неолитот останал само Хомо сапиенс сапиенс. (Homo floresiensis можеби преживеал до самиот почеток на неолитот, пред околу 12.200 години.) Ова бил период на примитивна технологија и општествен развој. Започнал околу 10 200 пред сегашноста во некои делови на Блискиот Исток, а подоцна и во други делови од светотFigure 3.3 from First Farmers: The Origins of Agricultural Societies by Peter Bellwood, 2004 и завршил околу 4,500 и 2,000 пред сегашноста. Неолитот е развиток на однесувањето и културните одлики и промени кај човекот, вклучувајќи ја и употребата на домашни животни.

Раното неолитско одгледување било ограничено на тесен опсег (пченица, просо) а околу 6.900-6.400 п.н.е., вклучувало одгледување домашни животни, воспоставување на трајни или сезонски населби и употреба на керамика. Неолитскиот период го одбележал развојот на раните села, земјоделството, припитомувањето на животните, алатките и почетокот на најраните регистрирани војни.The Perfect Gift: Prehistoric Massacres. The twin vices of women and cattle in prehistoric Europe мини|215x215px|Монументалната градба во Луни сул Мињоне во Блера, Италија, 3500 п.н.е. Населбите станале подолготрајни. Подоцнежните населби имале правоаголни куќички од калливи тули каде што семејството живеело заедно во една или повеќе простории. Погребните наоди сугерираат култ на предците, каде што луѓето ги сочувувале черепите на мртвите. Винчанската култура можеби создала најран систем на пишување. Мегалитските храмски комплекси од Џгантија во Малта се значајни заради нивните гигантски структури.. Се чини дека повеќето од облеката била направена од животински кожи. Волната и ленот можеби станале достапни за време на подоцнежниот неолит мини|203x203пкс|Замислен град од бакарно време,Лос Миларес, Иберија

Халколит

Во археологијата на Стариот Свет, „халколит“, „енеолит“ или "бакарно време" се однесуваат на преодниот период во кој се појавила металургијата со бакар, заедно со раширената употреба на камените алатки. Во овој период, некои оружја и алати биле направени од бакар. Овој период сè уште во голема мера имал неолитски карактер. Тоа е фаза од бронзеното доба, пред да биде откриено дека додавањето на калај во бакарот ја формира потешката бронза. Бакарното време првично било дефинирано како преод помеѓу неолитот и бронзеното време. Сепак, поради тоа што се одликува со употреба на метали, бакарното време се смета за дел од бронзеното време, а не од каменото доба.

мини|200x200пкс|Халколитски рудник на бакар Долина Тимна (Израел)