Свети Ѓорѓи — главна селска црква во демиркапиското село Копришница, Македонија.

Црквата се наоѓа во самото село, а денес е еден од малкуте преостанати градби во напуштеното село.

Местоположба

До црквата, како и до селото, може да се стигне преку земјен пат, кој започнува од самото село Дрен.

Историја

Црквата била подигната во 1928 година.

Во поново време, црквата била целосно обновена од страна на мештаните.

Архитектура

Покрај самата црква, во црковниот двор се наоѓаат и неколку други објекти, како кујна, трпезарија и летниковец.

Фрескоживопис

Црквата не поседува живопис.

Галерија

Внатрешноста на црквата

Поврзано Кавадаречко архијерејско намесништво Демиркаписка парохија Копришница

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Копришница Копришница