мини|десно|300п|Средноевропската Низина означена со зелено. Средноевропска Низина (наречена и Северноевропска Низина) — геоморфолошки регион во Европа, и тоа претежно во Полска, Данска, Германија, Белгија, и Холандија (Ниските Земји), со мали делови во северна Франција и Чешка.

Сочинет е од ниските рамници помеѓу подрачјата со херцинска орогенеза на југ и брегот на Северното и Балтичкото Море на север, одвоени од полуостровот Јитланд во Данска. Оваа низина е поврзана со Источноевропската Низина, заедно образувајќи ја големата Европска Низина.

Географија Низината има надморска височина од 0 до 200 м. Во најголем дел се состои од обработливи површини, но има и тресетишта, вресишта и езера.

На северноморскиот брег се среќава пространото плимно подрачје Ваденско Море. На балтичкиот брег се слатководните лагуни — Шчеќинскиот, Висланскиот и Курскиот Залив.

Местоположба Средноевропската Низина ги опфаќа Фландрија (северна Белгија и северна Франција), Холандија, Северна Германија, Данска и најголемиот дел од средишно-западна Полска; во мали делови навлегува во ЧешкаPavel Boháč, Jaroslav Kolář (1996): Vyšší geomorfologické jednotky České republiky. Český úřad zeměměřický a katastrální, Praha, 1996, 54 s. и југозападна Шведска. Во оваа смисла може да се нарече и Северноевропска Низина.

Некои сметаат дека низината опфаќа и делови од Источна Англија поради нејзиниот низински карактер и нејзината поврзаност со континентот во текот на последното ледено време. Северноевропската Низина се протега и по дното на Балтикот.

Реки Најкрупни реки кои се одводнуваат во низината се Рајна, Емс, Везер, Елба, Одра и Висла.

Наводи

Надворешни врски Lowlands-L — меѓународна заедница за посветена на низината и нејзините јазично-културни одлики Карта на низината со врски

Категорија:Рамници во Европа Категорија:Низини Категорија:Географија на Европа