Куќата на Јован Муратовски ― историска куќа во сопственост на галичкото семејство Муратовски која е заведена како културно наследство на Македонија.

Историја

лево|250п|мини|Предниот (западен) дел на куќата.

Куќата започнала да се гради во 1927 година, а била вселена следната година. Била изградена од тајфа на мајстори (улуфи) од селото Луково. Оваа куќа била последна што ја направила таа тајфа, а како белег за тоа е исклесаниот чекан во последниот камен на ѕидот на куќата.

Куќата била подигната откако старата куќа на семејството Муратовски била ограбена и запалена во 1920 година, а синот на Јован, Моне, бил одведен од арнаутската банда, која го вратила Моне дури после една година (есента 1921 година).

Категорија:Галичник