Младен Ристов Тонев ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Уште од мал останал без родители и со помош на постарите браќа израснал во вредно и бистро момче. Како необразован го следел односот на окупаторот, посебно кога бил мобилизиран во окупаторската бугарска војска. Ги почувствувал тешкотиите на ропскиот живот и станал симпатизер на НОВ. Во почетокот на септември 1944 година стапил во Месната команда во Кратово, а подоцна и во составот на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада, учествувал во многу борби во кои се истакнал со својата храброст и умешност. Во битките на Сремскиот фронт загинал неговиот командир, па самиот тој застанал на чело на единицата и како командир неколку дена успешно ја водел четата од борба во борба. На неговиот роденден 14 април 1945 година, загинал на теренот помеѓу Врпоље и Ѓаково.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ