Клопенбург () — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во истоимениот град. Се граничи со окрузите Амерланд, Олденбург, Фехта, Оснабрик, Емсланд и Лер.

Географија

Округот го опфаќа западниот дел од историската област наречена Олденбуршки Минстерски крај (Oldenburgisches Münsterland), односно земјата во Олденбург која порано ја држел Минстер. Пределот е рамничарски и порано бил мочурлив, полн со рекички и потоци.

Од 1924 до 1927 година е изградено вештачкото езеро Тилсфелде со цел да се спречат поплавите во овој крај. Денес, тоа е знаменитост само по себе, со камп и младински хостел.

Историја

Подрачјето во средниот век ѝ припаѓало на Грофовијата Текленбург. Потоа долго време (1400-1803) било во владение на Епископското Кнежевство Минстер. Во 1803 година е припоено од Олденбург и останало дел од него сè до 1945 г. Округот е основан во 1933 година.

Стопанство

Како и соседниот округ Фехта, Клопенбург е познат по големоразмерното сточарство, особено по мисиркарството и свињарството. Овие два округа се нарекуваат „Свински појас“ (Schweinegürtel). Почвата е со слаб квалитет, но сточарството се развило кога започнал масовниот увоз на животинска храна. Користејќи течно ѓубриво се одгледува пченка од која се добива биогас.Wilking, Johannes und Manfred Kayser: Biogaserzeugung im Oldenburger Münsterland - Entwicklungen und Perspektiven. In: Jahrbuch für das Oldenburger Münsterland 2011. Vechta 2010, S. 196-219

Грб

Окружниот грб прикажува: горе лево и горе десно: крстот и црвените пруги од грбот на Олденбург долу лево: три листови на воден божур од грбот на Текленбург долу десно: црвената и жолтата како бои на Минстер

Градови и општини

мини|десно|300п|Градовите и општините во округот Клопенбург

Градови Општини Клопенбург Ленинген Фризојте Барсел Безел Гарел Емштек Есен<li>Затерланд <li>Капелн <li>Ластруп <li>Линдерн <li>Молберген

Поврзано Олденбуршки Минстерски крај

Наводи

Надворешни врски

Службен портал на округот

Категорија:Окрузи во Долна Саксонија