Рождество на Пресвета Богородица (позната како Мала Богородица) — главна селска црква во демиркапиското село Барово, Македонија.
Црквата се наоѓа над самото сретсело оставена во запуштена состојба и без прозорци.
Местоположба
Црквата се наоѓа на самото средиште на селото Барово. До нејзе се пристапува по земјен пат од мостот над долот Студенец на главниот пат Демир Капија-Конопиште, кој поминува низ селото.
Историја
Црквата е подигната во 1868 година на место на стара црква. Била обновена во 1934 година.
Архитектура
Црквата претставува трикорабна градба со два реда колони и дрвени таваници. На нејзе има шест прозорци по три на јужната и на северната страна. Поседува два влеза на јужната и на северната страна.
Фрескоживопис
Црквата е фрескоживописана. Тоа било направена за време на нејзината обнова во 1934 година од страна на Г. Донев од селото Гари.
Иконостас
На иконостасот се наоѓаат царски двери изработени од страна на Исаија Џиков од селото Осој, кој е потпишан на левото крило во долниот дел на дверите. Тие биле направени во 1870 година.
Галерија
Поврзано Кавадаречко архијерејско намесништво Демиркаписка парохија Барово
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Барово (Демиркаписко) Барово Категорија:Дела на Дебарската школа