Чабранка ― мала река на границата помеѓу Словенија и Хрватска. Таа е 17,5 км долга и е лева притока на реката Купа (, ). Нејзиниот извор е западно од населбата Подпланина во општина Лошки Поток во јужна Словенија и северно од хрватското село Чабар, од каде го добила и своето име. Се влива во Купа кај Осилница.

Поврзано

Список на реки во Словенија

Наводи

Надворешни врски

Чабранка на Геопедија

Категорија:Погранични реки Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Реки во Хрватска Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Словенечко-хрватска граница