По разгледувањето на апликацијата на Република Македонија за прием во Обединетите нации (ОН), на 7 април 1993 година Советот за безбедност на ОН ја усвоил Резолуцијата 817 (1993). Во преамбулата на оваа резолуција, Советот потврдува дека Република МакедонијаРепублика Македонија не е именувана во резолуцијата ги исполнува критериумите за членство во Обединетите нации, но подвлекува дека настанала разлика во однос на името на државата и нотира дека разликата треба да се реши во интерес на одржување на мирни и добрососедски односи во регионот.
Со оваа резолуција, Советот за безбедност на ОН му препорачува на Генералното собрание на ОН Република Македонија да биде примена како членка на Обединетите нации, притоа за сите намени во рамките на ОН државата привремено да се нарекува „поранешната југословенска Република Македонија“ (на ) додека не се реши разликата околу името на државата.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Резолуции на Советот за безбедност на ОН за Република Македонија Категорија:Спор за името помеѓу Македонија и Грција