Ел Македонер (El Makedoner) т.е. Стефан Јосифовски е рапер,текстописец и уметник роден во Македонија, но работи моментално на Словенечката музичка сцена. Со музика почнал да се занимава уште кога бил во основно училиште, тоа го довело во 2016 година да почне со професионално пеење. Тој е основач на музичката издавачка куќа Балклан Рекордс.
Галерија
Биографија Стефан Јосифовски е роден на 19. Март 1995 во Велес, Македонија. Со својата фамилија (родители - Димче и Зорица, брат - Марко) живеел до својата 14. година потоа се преселил во Словенија. Во 2009 година се запишал на Средно Техничко и Хемиско училиште во Љубљана кое што во 2013 година го завршил и станал хемиски техничар. По тоа живеел три години во Словењ Градец каде што студирал на Факултет за Полимерна технологија кој што го завршил во 2016 година и се стекнал со назив дипл.инж. на Полимерна технологија.
На крајот од истата година додека бил во Македонија на посета кај своите најблиски ја снимил својата прва официјална песна Носталгија. За време на неговата прогресија снимил повеќе синглови: Мојот Свет, То со Домжале, У изи, Поеностављено, Поклон кои му дале мотивација и идеја да го сними својот прв албум Адекватно Стање кој содржи вкупно 15 песни (Адекватно Стање, Серенада, Демони, Ангели, Прва Линија, Курва, Еври в жепу, Геноцид, Рап, Писмо од Ане, Он, То со Домжале II, Непријатељ, Шупља Прича, Задњи Утрип). Повеќето од овие песни имаат и свој видеоспот кои што можете да ги најдете на Youtube, на неговиот канал Balklan Official. Неговиот деби албум бил хит и можете да го придобиете во физичка (ЦД) или дигитална форма, на сите дигитални платформи: Spotify, Deezer, Tidal, iTunes итн.
На крајот од 2020 година (13. ноември) во соработка со Рета ја издале песната Екстравагантно на најголемиот бугарски канал Facing the Sun, додека во декември во колаборација со македонскиот рапер Face Off ја објавиле нумерата 13. Неговиот најнов и последен спот што го снимал за прв пат во Македонија го носи името Бинго и е достапен од 22. јуни на сите платформи.
Дискографија
Носталгија (2016)
Мојот Свет (2017)
То со Домжале феат. Санел & Турк (2017)
У иѕи феат. Турк (2017)
Поеностављено феат. EС-EЈ (2017)
Поклон (2018)
Адекватно Стање - АЛБУМ 15 ПЕСНИ (2018-2020)
Самоконтрола (2020)
Екстравагатно феат. Рета (2020)
13 феат. Фејс Оф (2020)
Тестамент (2021)
Бинго (2021)
Броксли Тим феат. Сладки Грех (2021)
Наводи