Коколов Рид ― археолошко наоѓалиште во виничкото село Виничка Кршла. Претставува населба од раното и доцното бронзено време, и железното време. Во 2014 година, со финансии од Министерството за култура и Општина Виница, биле извршени ископувања при што биле најдени повеќе керамички наоди од страна на Музејот „Теракота“ со седиште во Виница. Пред 2014 година, повеќе години биле вршени истражувања.
Поврзано Барбашки Дол — некропола и тумули од железното време; Вршник — могила од римското време; Градиште 1 — некропола и тумули од железното време; Градиште 2 — утврдена населба од железното време и доцноантичкото време; Ѓафурски Лозја — населба од римското време; Кршлански Гумења — некропола од железното време; Могила — населба и могила од римското време; Русалски Гробишта — некропола од железното време; Сушица — населба и некропола од римското време; Виничка Кршла; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи