Весна Томовска Скопје, 1960 — македонски класичен филолог, редовен професор на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје.[ http://fzf.ukim.edu.mk/profesori-2-2-2-2/ / д-р Весна Томовска].

Животопис Проф. д-р Весна Томовска е родена 1960 година во Скопје. Таа дипломирала (1984) на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје. Таа магистрирала (1994) на Катедрата за класични науки при Филозофскиот факултет во Белград, со магистерскиот труд под наслов „Еурипид код Аристофана у комедији Жабе“, изработен под менторство на проф. д-р Мирон Флашар. Докторската дисертација „Хорот и хорската лирика во грчката трагедија“ била изработена под менторство на проф. д-р Елена Колева, и ја одбранила на 3 јуни 2003 година, на Филозофскиот факултет во Скопје. Од мај 1985 до септември 1986 година, таа работела како приправник на ННСГ за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје.

Во септември 1986 година, таа била избрана во звањето помлад асистент по предметите: Историја на грчката и Историја на римската литература, на Филозофскиот факултет во Скопје. Во октомври 1994 година, таа била избрана во звањето асистент по предметот Античка литература I (двогодишен курс од следните области: античка поетика, античка лирика и античка драма). Во февруари 2004 година, таа била избрана за доцент по предметите: Античка литература III (античка поетика и античка лирика) и Античка литература IV (античка драма и античка реторика).

Со воведувањето на ЕКТС на Филозофскиот факултет во Скопје и со редизајнирањето на студиската програма на Институтот за класични студии, од октомври 2004 година д-р Весна Томовска држела предавања и вежби по следните (едносеместрални) предмети: Античка лирика, Писменоста во антиката, Античка драма, Античко говорништво, Античка поетика, Античка реторика, Книжевна анализа на латински текстови (римска лирика, драма и говорништво), Книжевна анализа на старогрчки текстови (хеленска лирика, драма и говорништво). Во декември 2008 година, таа била избрана во звањето вонреден професор за научните области (дисциплини): Старогрчка и римска литература и Теорија на книжевност на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје. Во ноември 2013 година била избрана во звањето редовен професор за научните области (дисциплини): класична филологија (вовед во класична филологија, книгата во антиката), историја на старогрчката книжевност, историја на римската книжевност (античка лирика, античка драма), теорија на книжевноста (античка реторика, античка поетика, византиска реторика) на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје. Од 2005 до 2009 година, таа била раководител на последипломските студии по класична филологија на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје. Од 2013 до 2017 година, таа била раководител на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје. Промоција на „Дигести“ – Јустинијан (проф. д-р Даниела Тошева), Весна Томовска, Хорот и хорската лирика во хеленската трагедија.

Библиографија Научни трудови (избор) • Женското писмо на Овидиј што недостасува во трагедијата на Еврипид / The Ovid’s Female Letter Missing from Euripides’ Tragedy. Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје 71, 2018. 171-188.

• Античка драма. (Во соавторство со Даниела Тошева). Скопје, 2018. стр. 286.

• Plato’s Smoking Pipe, or on a Metaleptic Situation

• Studia Classica Anniversaria, Прилози од меѓународната научна конференција одржана по повод 70 години од Институтот за класични студии 22-23 ноември 2016, Скопје. Скопје: Филозофски факултет, 2017. 363-374.

• Хорот и хорската лирика во хеленската трагедија. Филозофски факултет, Скопје, 2017. стр. 285.

• Анабаса како парадигма на историографијата на Ксенофонт. Во: Ксенофонт, Анабаса. Превод од старогрчки јазик и белешки Душан Боцески. Македоника литера, Скопје, 2016. стр. 5-16.

•Писмо од Платон, или за философијата и политиката во реторичка перспектива. Филозофска трибина, 2016. , 39, бр. 19. Скопје, 2016. 45-61.

• Смешна реторика. Научна работилница “Сите лица на смешното”. Скопје 11 мај 2012. Зборник на трудови, Скопје, 2013. стр. 119-125.

• Античка реторика. Магор, Скопје, 2013. стр. 324.

• Реториката на Аристотеловата Поетика, Жива антика, Monographs No 10, Ad perpetuam memoriam Michaelis D. Petrusevski(ed. P. Hr. Ilievski, V. Mitevski, R. Duev), Skopje, 2012, 257-270.

• Платоновата поетика на имињата, Прилози на МАНУ, Одделение за лингвистика и литературна наука, 35. 2. Прилози посветени на Академик Петар Хр. Илиевски, Скопје, 2010, 137-149.

• Demokritov entuzijazam. Lucida intervalla, Белград, 2010. br.39. 3-23 (со Дивна Солеј)

• Пиндар ретор. In: Musarum semper amator. Studia Classica Serdicensia. Софија, 2010. стр. 366-74.

• Класичната култура во европската цивилизација, учебник за 5 одд., изборен предмет за основно образование. Министерство за образование и наука на Република Македонија, Скопје, 2010. (во соавторство со Весна Димовска).

• Democritus’ enthusiasmos. Aeternitas antiquitatis. Proceedings of the Symposium held in Skopje, August 28. Skopje 2010. p. 60-66.

• Одисејата на Одисеј. Во: Хомер, Одисеја. Од старогрчкиот оригинал превел и препеал Михаил Д. Петрушевски. Магор, Скопје, 2008. стр. 9-16.

• Поимник на книжевната теорија, прир. Ката Ќулафкова. МАНУ, 2007.

• Антистрофа (37)Античка драма (41-48)Антички книжевни теории(50-53)Античка поетика (48-50)Епиграм (153-155) Епиникија (159)Јампска поезија (240) Лирика (289-291)Лирски видови (291-292)Мелика (309)Ода (389-390)Химна (608-610)Хорска лирика(614-616).

• Реториката во романот “Метаморфози” од Апулеј. Научна работилница “Метаморфози и метатекстови”. Скопје 11 мај 2007. Зборник на трудови, Скопје, 2008. стр. 65-72.

• Поетот и победникот во Пиндаровите епиникии. Годишен зборник на филозофскиот факултет во Скопје 59, 2006. 327-334.

• TECNH у расправи “О Узвишеном“. Sobria ebrietas у спомен на Мирона Флашара. Београд, 2006. 389-397.

• Усната книжевна комуникација и хеленската драма. Зборник на трудови од научниот собир “Класика – Балканистика – Палеославистика”, МАНУ Скопје 18-19 ноември 2005. стр. 121-131.

Преводи на дела од антички автори од старогрчки на македонски јазик

• Деметриј, За јазичниот израз. Превод од старогрчки јазик, предговор, белешки, коментари и индекс на поими Весна Томовска. Три, 2016. стр. 165.

• Платон, Писма. Превод од старогрчки, предговор, коментари и белешки Весна Томовска. Магор, 2015. стр. 176.

• Аристофан, Жаби, Лисистрата. Превод од старогрчки, белешки и коментари: Весна Томовска. Птици, Облаци. Превод од старогрчки, белешки и коментари: Даниела Тошева. Аристофановиот комедиографски експеримент (поговор): Весна Томовска. Проект „Ѕвезди на светската книжевност“ Министерство за култура на Република Македонија, 2013. стр. 479.

• Аполодор, Библиотека. Превод од старогрчки јазик, предговор, белешки и коментари: Весна Томовска. Македенска реч, 2009. стр. 217.

• Платон, Кратил. Превод од старогрчки, коментар и белешки Весна Томовска. Магор, 2006. стр. 124.

• Псевдо Лонгин, За возвишеноста. Превод од старогрчки, белешки и коментари: Весна Томовска. Магор, Скопје, 2004. стр. 136.

• Аристотел, Реторика. Превод од старогрчки, предговор, белешки и коментари: Весна Томовска. Македонска книга, Скопје, 2002. стр. 356.

• Аристофан, Жаби. Превод од старогрчки, предговор и коментар: Весна Томовска. Табернакул, Скопје, 2000. стр. 245.

Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски филолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски учебникари Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на Филозофскиот факултет - Скопје