Национален парк Долносаксонско Ваденско Море () — национален парк во сојузната покраина Долна Саксонија, дел од германското Ваденско Море. Паркот бил основан во 1986 година и ги вклучува Источнофризиските Острови, калливиот морски брег и солените мочуришта помеѓу заливот Долар на границата со Холандија на запад и Куксхафен на исток. Националниот парк има површина од околу 345.800 хектари. Управата на националниот парк се наоѓа во Вилхелмсхафен. Во јуни 2009 година, националниот парк станал светско природно наследство на УНЕСКО заедно со Националниот парк Шлезвигхолштајнско Ваденско Море и холандскиот дел од Ваденското Море, поради својата посебност во однесувањето на плимата и еко-системот.
Поврзано
Ваденско Море Национален парк Хамбуршко Ваденско Море Национален парк Шлезвигхолштајнско Ваденско Море
Филмографија „Во националниот парк Ваденско Море“ (Im Nationalpark Wattenmeer). документарен филм, 45 мин.., Германија, 1998, од Јенс-Уве Хајнс и Михаел Зутор, продукција: Komplett-Media-GmbH, Grünwald (ISBN 3-89672-492-4), Краток опис од ARD
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Заштитна станица Ваденско Море
Категорија:Национални паркови во Германија Категорија:Светско наследство во Германија Категорија:Заштитени области во Долна Саксонија Категорија:Источна Фризија Категорија:Ваденско Море Категорија:Вилхелмсхафен Категорија:Рамсарски места во Германија