Натпреварите во скокови во вода на Летните олимписки игри 2020 во Токио предвидено е да се одржат од 25 јули до 7 август 2021 година. Скоковите во вода се дел од 4-те водени дисциплини на Олимписките игри, заедно со пливањето, ватерполото и синхронизираното пливање.

Олимписките игри првично биле планирани да се одржат во 2020 година, но биле преместени за 2021 година како резултат на пандемијата од КОВИД-19. На овие Олимписки игри се натпреваруваат натпреварувачи во осум дисциплини (по четири во машка и женска конкуренција): скокови од 3 метри, скокови од 10 метри, синхронизирани скокови од 3 метри и синхронизирани скокови од 10 метри.

Учествуват вкупно 136 натпреварувачи од 30 земји. Сите натпреварувачи морале да имаат најмалку 14 години до 31 декември 2020 година.

Квалификации Една земја може да квалификува до 16 натпреварувачи (по 8 во машка и женска конкуренција) од кои по два во поединечните дисциплини и еден пар во синхронизираните дисциплини.

За поединечните дисциплини, квалификувани натпреварувачи се: најдобрите 12 во секоја дисциплина од Светското првенство во скокови во вода 2019, петте континентални шампиони во секоја дисциплина, и 18 полуфиналисти од ФИНА Светскиот куп во скокови во вода 2020 дополнителни натпреварувачи од ФИНА Светскиот куп во скокови во вода 2020 сè додека не се поплнат сите места.

За синхронизираните дисциплини, квалификувани парови се: најдобрите 3 во сите дисциплини од Светското првенство во скокови во вода 2019 најдобрите 4 во сите дисциплини од ФИНА Светскиот Куп во скокови во вода 2020, и земјата домаќин (Јапонија).

Земји учеснички

Распоред на натпреварување

ККвалификацииПФПолуфиналеФФинале

Датум 25 Јул 26 Јул 27 Јул 28 Јул 29 Јул 30 Јул 31 Јул 1 Авг 2 Авг 3 Авг 4 Авг 5 Авг 6 Авг 7 АвгДисциплина Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П Мажи 3 метри К ПФ Ф Мажи 10 метри К ПФ Ф Мажи синхронизирано 3 метри Ф Мажи синхронизирано 10 метри Ф Жени 3 метри К ПФ Ф Жени 10 метри К ПФ Ф Жени синхронизирано 3 метри Ф Жени синхронизирано 10 метри Ф

Освојувачи на медали Табела на медали

Мажи 3 метри10 метри Синхронизирано 3 метриСинхронизирано 10 метри

Жени 3 метри10 метриСинхронизирано 3 метриСинхронизирано 10 метри

Наводи

2020 Категорија:Спортови на Летните олимписки игри 2020