мини|исправено|Стар германски топломер со Реомирови и Целзиусови степени. Реомирова скала (°Ré, °Re, °r) — температурна скала кај која точката на мрзнење и точката на вриење на водата се определени како 0 и 80 степени. Наречена е по францускиот научник Рене Реомир, кој прв предложил слична скала во 1730 г.
Промени во скалата Топломерот на Реомир содржел растворен алкохол (етанол) и почнувал од 0° како точка на мрзнење на водата, а секој степен е ширење на течноста за една илјадитина. Предложил дека треба да се концентрација на алкохол која ќе врие на 80 °Ré, односно ќе ја прошири зафатнината за 8 %. Се решил за алкохол место жива бидејќи првоспоменатиот се шири повоочливо, но ова предизвикало потешкотии: неговите први топломери биле мошне гломазни и непогодни во многу ситуации поради ниската точка на вриење. Изработувачите на инструменти ставале поинакви течности, но се држеле до 80 °Ré како точка на вриење на водата, што предизвикувало доста забуни. Во текот на 1772 г. Жан Андре Делик проучил неколку супстанции кои тогаш се користеле во топломерите и заклучил дека живата е најпрактична; на пример, ако се помешаат две еднакви количини вода на x и y степени, добиената температура ќе биде просек од x иy, а овој однос меродавно се запазува само кога се користи жива. Почнувајќи од крајот на XVIII век сите топломери работеле на жива.Herbert Dingle. The scientific adventure: essays in the history and philosophy of science. Sir Isaac Pitman and Sons, London, 1952. стр. 131. Опсегот останал од 0 до 80 степени.
Примена Реомировата скала била широко застапена во Европа, особено во Франција, Германија и Русија, и се споменува во делата на Достоевски, Флобер, Толстој и Набоков. На пример, на почетокот на Книга X од „Браќа Карамазови“, раскажувачот вели „Имавме мраз на единаесет степени“, т.е. −11°Ré, што е −14 °C. By the 1790s, France had chosen the Целзиусовата скала scale as part of метричкиот систем, rather than the Réaumur measurement, but it was used commonly in some parts of Europe until at least the mid-19th century, and in parts of Русија сè до почетокот на XX век. Денес се користи во некои фабрики во Италија и Швајцарија за мерење на температуратата на млекото при производството на сирење,Реомиров топломер за пармезан) и во Холандија при подготвувањето на шербет за десерти и бонбони.
Претворање на разни температурни единици
(C/100) = (F − 32)/180 = (K − 273,15)/100 = (R/80)
Наводи
Надворешни врски
Претворање од Реомир во Целзиус
Категорија:Единици за температура Категорија:Температурни скали Категорија:Застарени мерни единици