Детлинген () — општина во округот Олденбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното седиште на општината е во селото Нерштет.
Географија Местоположба
Општината Детлинген се наоѓа во областа на Природниот парк „Вилдесхаузер Гест“. Низ општината тече реката Хунте.
Соседни општини
Општината се граничи на североисток со општината Гандеркезе, на југоисток со општината Принцхефте, на југ и југозапад со градот Вилдесхаузен, на запад со општината Гросенкнетен и на северозапад со општината Хатен.
Општински единици
Општината Детлинген е составена од следниве места: Алтона (29 жители), Ашенштет (672 жит.), Барел (111 жит.), Бреторф (861 жит.), Буш (126 жит.), Детлинген (1.501 жит.), Гефесхаузен (97 жит.), Град (47 жит.), Хајдхојзер (30 жит.), Хокенсберг (474 жит.), Изерлој (29 жит.), Клатенхоф (131 жит.), Нерштет (1.440 жит.), Нутел (105 жит.), Ое (49 жит.), Остритрум (291 жит.), Раде (111 жит.), Улхорн (43 жит.) и Бее (80 жит.).
За општински цели самата општина е поделена на 15 дела, а од секој има посебен претставник. Овие делови (окрузи) се Барел, Бреторф I, Бреторф II, Детлинген I, Детлинген II, Град, Хокенсберг, Изерлој, Клатенхоф, Нерштет I, Нерштет II, Нутел, Остритрум, Раде и Вее.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Олденбург (округ)