Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ — средно училиште во Прилеп, Општина Прилеп.
Основање и развој
Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ - Прилеп е формирано од две други училишта и тоа: Текстилно-рударското училиште „Илија Игески-Цветан“ и Техничко-дрвопреработувачкото училиште „Трајко Бошкоски-Тарцан“. Училиштето „Илија Игески-Цветан“ со работа почна од 1963 година со профилот ракувач со рударски машини, а во склоп на истото училиште по четири години се формира нов профил - конфекционер. Во 1984 година се формира Училишниот центар за производни занимања „25 Мај“ под раководство на директорот Видан Желчески до 1989 година. Од 1989 до 2002 година СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп беше под раководство на директорот Бранко Лашкоски. Во овој период училиштето е преименувано во ДСУ „Ѓорче Петров“. Од 2002 до 2010 година директор на училиштето СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е Спасе Здравески. Во 2005 година училиштето од ДСУ преминало во СОУ „Ѓорче Петров“. Од 2010 година директор на училиштето е Дејан Димоски.
Патрон
Патрон на училиштето е Ѓорче Петров, еден од четирите столба на македонската револуционерна борба за слобода и национална самобитност. Ѓорче Петров ги направил првите национални чекори на полето на географијата и етнологијата, во 1896год. ја објавил обемната научна творба под името „Материјали по изучувањето на Македонија“, бил член на ЦК на ТМОРО, а заедно со Гоце Делчев, бил творец на првиот Устав на Македонската Револуционерна Организација. За време на Илинденското востание, летото 1903 година со своја чета составена од македонски емигранти, илегално ја поминал границата и се активирал во востанието на територијата од Прилепско-Мариовскиот регион. Бил убиен од агентите на Тодор Александров, на 28 јуни 1921 година во Софија. Ѓорче Петров бил неуморен борец за самостојноста на Македонија. Неговата животна девиза била: „Македонија и нејзината иднина секогаш е во рацете на Македонците“.
Струки Во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп функционираат следниве струки и профили:
Здравствена струка
Во рамките на здравствената струка учениците се стекнуваат со знаења од општообразвони предмети, стручни предмети, практични знаења и вештини од следниве профили: медицинска сестра, фармацевтско-лабораториски техничар и физиотерпевтски техничар. Медицинска сестра
мини|Медицинска сестра Профилот медицинска сестра, во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е воведен 1998 година. За време на четиригодишното образование учениците се стекнуваат со знаења од општообразовните предмети, стручните предмети, практични знаења и вештини. На тој начин учениците стекнуваат посебна одговорност за грижата на човекот и неговото здравје, запознаени се со општите начела и правила на медицинската сестра, како и сите улоги што ги има таа и правилниот однос кон пациентите. По завршувањето на образованието учениците излегуваат како професионални медицински сестри, кои имаат можност да се вработат во здравствени институции во рамките на примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита. Исто така можат да го продолжат своето образование на кој било факултет, но првенствено на факултетите за медицинските науки. Практичната настава започнува во втора година, и истата се изведува во специјално опремени кабинети од доменот на медицината, а потоа во општата болница ЈЗУ „Борка Талески“ - Прилеп. Се изведуваат и посети на Домот за стари лица „Киро Крстески - Платник“ во Прилеп, како и посети на други приватни или државни здравствени установи низ државата кои претставуваат вредни искуства за учениците. Феријалната пракса е задолжителна за учениците од втора и трета година која се реализира во текот на летниот распуст со времетраење од дваесет работни дена, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија. Работата на учениците се евидентира во дневникот за практична настава.
Фармацевтски лабораториски техничар
мини|Фармацевтско лабораториски техничар Профилот - фармацевтски лабораториски техничар во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е воведен во 2007 година. Низ четиригодишно образование учениците стекнуваат знаења по општообразовните, стручните предмети и практични умеења и вештини. После завршувањето на училиштето ученикот има можност да работи како фармацевтски техничар во аптека, лабораторија или да го продолжи своето образование на некој од факултетите. Практичната настава започнува во втора година. Се изведува во лабораторија и во кабинети кои се опремени со потребните инструменти и апарати. Во склоп на лабораторијата има и импровизирана аптека со чија помош учениците се запознаваат со лековите кои ги изучуваат на теоретската настава. Учениците од четврта година посетуваат и практична настава во некои од приватните аптеки. Преку практичната настава учениците се стекнуваат со следниве знаења: Работа со лабораториски прибор Подготвка на реагенси, раствори Пребарување и употреба на фармакопеа Идентификација, одредување на чистота на соединенија, како и нивна примена Изработка на магистрални препарати за надворешна употреба Сигнатура на препартите Микроскопска и макроскопска идентификација на дроги и др. Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година во приватни аптеки, во времетраење од дваесет работни дена.
Физиотерапевтски техничар
Профилот - физиотерапевтски техничар во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е воведен во 2012 година. Низ четиригодишното образование учениците се стекнуваат со знаења по општообразовните, стручните предмети и практични умеења и вештини за: Примена на сите видови терапија (термо, електро, механо, кинези и др.) во рехабилитацијата Ракување, грижа и одржување на апаратите, инструментите и матерјалите со кои работи Работа со инвалидизирани лица Работа со семејства на инвадилизирани лица Спроведување на мерки за заштита и унапредување на човековото здравје. Практичната настава се изведува во специјално опремен кабинет во просториите на училиштето и во физикалната сала во ЈЗУ „Борка Талески“ - Прилеп. Феријалната пракса е задолжителна по завршувањето на втора и трета година во времетраење од дваесет работни дена.
Лични услуги
Козметички техничар
Профилот Козметички техничар во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп воведен е од 1997 година. Во наставната програма учениците следат теоретска и практична настава. Во теторетската настава ги изучуваат општообразовните и стручните предмети значајни за оваа струка преку кои се запознаваат со општите начела и принципи на еден козметички техничар, нудење на добра услуга на клиентите, задоволување на нивните потреби. Во рамките на практичната настава, учениците изведуваат голем број на козметички постапки, како што се: депилации, масажи, наградба на нокти, маникир, педикир и др., со цел да ги стекнат вештините од областа на козметичарството. Практичната настава се одвива во добро опремен кабинет во просториите на училиштето во времетраење од два дена во една работна недела, а се врши и посета на професионални козметички салони во градот. По завршувањето на средното образование учениците можат да започнат сопствен бизнис со отворање на козметички салон, но исто така можат да го продолжат своето образование во било која високообразовна институција. Своите знаења и вештини, козметичките техничари ги презентираат на различни манифестации во рамките на училиштето, но и надвор од него, како што се: Модни ревии коишто ги организира училиштето Денот на жената – 8 март Пригодни активности по повод патрониот празник При презентирање на училиштето во градот Прилеп При активности кои се организираат за време на новогодишните празници При разни хуманитарни акции во рамките на училиштето и др. Фризер
Профилот фризер во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е воведен од 1997 година. Оттогаш, па сè до денес се обучува идниот стручен кадар во оваа област. Во рамките на овој профил се изведува теоретска и практична настава. Преку изучувањето на разни стручни, како и голем број други предмети учениците се образуваат со цел да имаат добра работна комуникација, да можат да ги осознаат потребите на клиентите, да ги научат основите на фризерството, намената на материјалите и сл. За идната работа како професионални фризери се обучуваат во рамките на практичната настава. Истата се одвива во фризерскиот салон во училиштето, кој е опремен со сите материјали и апарати кои се потребни за работа. Со практичната настава им се овозможува на учениците да ја искажат својата креативност со изведување на разни третмани за коса и фризури, под водство на стручни професори од училиштето. Профилот фризер има тригодишно траење, при што по завршувањето на образованието учениците можат да ја градат својата кариера во некој фризерски салон или да отворат сопствен, но можат да се надоградуваат и на некоја фризерска академија. Она што го умеат и знаат учениците можат да го покажат преку учество на разни хуманитарни активности по повод: 8 март – Денот на жената Новогодишните празници Учество на ревијата којашто ја организира училиштето Учество на манифестацијата „Денови на занаетчиството“ Учество на натпревари организирани од фризерската асоцијација и др.
Текстилно - кожарска струка
Текстилно-кожарската струка во Прилеп датира од далечната 1962 година во тогашното училиште „Илија Игески-Цветан“. Наставата се одржува во современо опремени училници, а пак практичната настава се иведува во посебни работилници кои се во склоп на училиштето. Учениците своите знаења ги надоградуваат со посета на современи фабрики и мислења од стручњаци на нивно поле. Учениците учествуваат во многу проекти и активности во Прилеп и пошироко со создавање на модели за модни ревии при разни настани во градот. Конфекциски техничар
мини|Конфекциски техничар Профилот конфекциски техничар им овозможува на учениците да се здобијат со знаење од областа на технологијата на конфекцирање. Наставата ја одржуваат високообразовани стручни професори. По завршувањето на овој профил учениците можат да продолжат да студираат во иста насока, или пак доколку се одлучат можат да продолжат на студии од различни други насоки.
Шумарско-дрвопреработувачка струка
Шумарско-дрвопреработувачката струка ја опфаќа областа за изработка и производство на мебел и ентериер. Се изучува анатомската градба и техничките својства на дрвото и неговата обработка. Во оваа струка учениците се запознаваат со машините кои служат за финална обработка на дрвото, а во понатамошното нивно надградување учат како да вршат проектирање на мебел и преку дрвните конструкции доаѓаат до идни решенија при изработка на мебелот. Исто така учениците ја изучуваат техничката документација која е потребна и го следи производниот процес на мебелот. Преку практичната настава која е составен дел на образованието, учениците реализираат готови производи. Техничар за мебел и ентериер
Профилот техничар за мебел и ентериер од шумарско-дрвопреработувачката струка во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп е присутен неколку години. Учениците имаат посебна работилница која е опремена со машини кои му се потребни за изработка, додека наставата ја изведуваат професори кои се високообразовани. Стручните предмети во овој профил овозможуваат високо развивање на учениците и можност за понатамошна самостојна работа. Учениците од овој профил се задолжени за средување и модернизирање на ентериерот од нашето училиште. Исто така учениците имаат учествувано на голем број проекти и активности. Секоја година учествуваат на саемот за мебел во Скопје, каде што учениците секоја година изложуваат помодернизирани и покреативни достигнувања од нивната струка. По завршувањето на образованието овие ученици излегуваат од нашето училиште како техничари за мебел и ентериер. Овај профил е од четврт степен и по завршувањето учениците можат да продолжат на студиска програма како што е Проектирање и технологија на мебел и ентериер, но исто така имаат и можност да се запишат на други студии.
Рударско - геолошка струка