Стефан Стефановиќ - Треф ( во — во Рогнан, ) — македонски и југословенски партизан, борец за слобода на Југославија, учесник во НОВ и фудбалер.
Животопис Потекнувал од сиромашно семејство. Татко му работел како служител во Хипотекарна банка. Основно училиште и еден клас трговска академија завршил во Скопје. Војната му го прекинала натамошното образование. Многу млад се вклучил во напредното движење. Во 1940 година станал член на СКОЈ. По окупацијата на земјата собрал поголемо количество експлозив и го чувал во својата куќа. Купил и машина за пишување но, окупаторот го протерал за Србија. По доаѓањето во Ниш го продолжил не само учењето во Трговската академија, туку и политичката дејност. Заедно со други активисти во училиштето создале многу силна скојевска организација. Кон крајот на 1941 година бил примен за член на КПЈ. Како комунист ги раководел скоевските активисти. Во 1942 година како последица на голема провала била затворен и одведен во полиција. Во мај 1942 година бил префрлен во концентрационен логор во Германија, а подоцна префрлен во злогласниот концентрационен логор Ботн, во Норвешка. Во јули 1943 година се обидел да побегне од логорот, но при бегството бил убиен од Германците.
Еден е од 14-мината фудбалери и функционери на Фудбалскиот клуб Работнички загинати во движењето на отпорот. Според податоците предочени од Славко Матовски во монографијата издадена по повод 40-годишнината од основањето на СД Работнички, Треф бил еден од најсаканите играчи на клубот во воените години. Приврзаноста на публиката ја стекнал со својата борбеност на позицијата десно крило.
Поврзано Стефан Стефановиќ - Треф (првотимец на ФК Работнички)
Наводи