331 п.н.е. Александар Македонски го победил Дариј III во Битката кај Гавгамела. 1795 Белгија е освоена од Франција. 1827 Руската армија под водство на Иван Паскевич го освојува Ереван, завршувајќи го милениумот на муслиманска доминација во Ерменија. 1869 Австрија ги издава првите разгледници во светот. 1880 Првата фабрика за електрични светилки е отворена од Томас Едисон. 1891 Во Калифорнија се отвора Стенфорскиот универзитет. 1908 Форд го претставува „Модел Т“, првиот автомобил кој се произведувал на лента. Со цена од 825 долари, продадени се над 15 милиони возила во текот на 19-годишното производство. 1943 Околу 4.000 балисти, заедно со германски офицери и војници, на планината Буковиќ, Кичевско, извршија напад врз слободната територија на Западна Македонија. 1943 Петтата армија на САД го зазема Неапол (Италија). 1949 Водачот на Комунистичката партија Мао Це Тунг го прогласил создавањето на Народна Република Кина. 1989 Во Данска е озаконет истополовиот брак. Според данскиот закон, се вика „регистрирано партнерство“.
1 октомври