19521 Хаос — кубевано од Кајперовиот Појас кое не е во резонанција со ниедна планета. Се смета за можна џуџеста планета, иако веројатно не е цврсто тело. Откриен е во 1998 г. од Длабокиот еклиптички преглед во опсерваторијата „Кит Пик“ во САД. Албедото му изнесува ,, па оттука има апсолутна величина (H) од 4,8, или во пречник. Телото е наречено според праисконската состојба во старогрчката митологија, од која произлегле првите божества.

Орбита Хаос има орбитален период од 309 години. Орбитата му е подолга, но помалку занесена од онаа на Плутон. Маклонета е околу 12° кон еклиптиката. Орбитата воопшто не ја пресекува Нептуновата. Тековно најблиското можно доближување до Нептун (МРОП) е на 12,5 ае (1,87 милијарди километри).

Телото ќе биде во перихел кон крајот на декември 2033 г., приближувајќи се на 40 ае од Земјата. Ќе достигне најголема сјајност од 20,8.

Физички особености Хаос е темно тело, со проценето албедо од 5 %, што подразбира пречник од 600 км. Се врти бавно, правејќи едно завртување за 3,985 дена. Според американскиот астроном Мајкл Браун, Хаос веројатно е џуџеста планета.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Кубевана Категорија:Можни џуџести планети Категорија:Астрономски тела откриени во 1998 година