Ѓорѓи Бојков Стојановски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Завршил основно училиште. Поради слабите материјални услови не можел да го продолжи образованието и затоа изучил занает и станал столар. Во втората половина на 1944 година се вклучил во народноослободителното движење и материјално го помагал. Во Шеснаесеттата македонска ударна бригада стапил рано и во состав на истата се пројавил со својата решителност и храброст. На неколку денови пред ослободувањето на Скопје, храбро загинал во една битка кај селото Бањани. Бил закопан во селото Бањани, а подоцна неговите останки беа пренесени и погребани на градските гробишта.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје