Томе Буклески (Кичево, 21 октомври 1921 - 2 септември 2018) — македонски комунист, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ и државник.
Животопис Бил член на КПЈ од 1941 година. Се вклучил во НОБ, заради што бил затворен во затворот во Тирана од април 1942 до септември 1943 година.„Почина Томе Буклески - Маќули, истакнат македонски револуционер и државник“, Окно, 03.09.2018. Од септември 1943 станал и член на Окружниот комитет на КПМ во Кичево, политички комесар на повеќе бригади и баталјони на македонската народноослободителна војска.
По ослободувањето на Македонија, вршел повеќе високи партиски и државни функции. Бил член на Претседателството на ЦК СКМ, вработен во дипломатијата, пратеник во Сојузното собрание и во Собранието на СРМ, претседател на Матицата на иселениците на Македонија. Бил член, а од 29 април 1984 до 26 мај 1985 и Претседател на Претседателството на СРМ.Службен весник на СРМ, 16/1984.
Бил носител на „Партизанска споменица 1941”.
Наводи
Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Политичари од Кичево Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Учесници во НОБ