Томаш Соучек (роден на 27 февруари 1995 во Хавличкув Брод) е чешки фудбалер, играч од средниот ред на Вест Хем Јунајтед и на чешката репрезентација.

Техничики карактеристики Има репутација на енергичен box-to-box играч од средниот ред со одбранбени и напаѓачки квалитети. Тој е познат и по својте физички предиспозиции благодарение на неговата висина од 1,92 м.

Во англиските медиуми често е споредуван со Маруан Фелаини, играч кој своевремено исто така бил откриен и трениран од Дејвид Мојес, поради неговите квалитети во играта во воздухот.

Клупска кариера Славија Прага thumb|left|Соучек играјќи за во 2018. Соучек ја започнал својата кариера во екипата на , приклучувајќи се на академијата на клубот на 10-годишна возраст.

Во сезоната 2014-2015, тој бил позајмен на Викторија Жижков, екипа со која го направил своето професионално деби на 8 март 2015 година, во поразот на домашен терен со 1-2 од екипата на Фастав Злин во втората лига на Чешка. Сезоната ја завршил со 14 настапи без постигнат гол.

По завршувањето на позајмицата во Жижков, Соучек се вратил во Славија Прага каде го постигнал првиот погодок во својата кариера во победата со 4-0 над Височина Јихлава. За време на сезоната 2015-2016, тој го направил својот пробив во првиот тим на Славија играјќи во 29 од 30 првенствени натпревари забележувајќи притоа и два гола.

Сепак, следната сезона тој го загубил своето место во почетната постава како резултат на доаѓањето на Мишел Нгадеу Нгаџуи, поради што настапите на Соучек станале ограничени и тој запишал само 93 минути во период од три месеци поради што бил проследен на заем во Слован Либерец во зимскиот преоден рок.

Пред почетокот на сезоната 2017-2018, Славија го повлекла Соучек назад и тој станал одново редовен член на почетната постава, играјќи 27 натпревари во сезоната и постигнал 3 гола. На 9 мај 2018, тој го одиграл целиот натпревар за Славија Прага во победата со 3-1 над Јаблонец во финалето на Купот на Чешка, освојувајќи го својот прв трофеј во кариерата. Следната сезона, тој го освоил чешкото првенство со Славија и учествувал во одбраната на титулата во купот.

Вест Хем Јунајтед На 29 јануари 2020, Соучек се преселил во англискиот Вест Хем Јунајтед на заем до крајот на сезоната 2019–2020, со опција за откупување на играчот во летниот преоден рок. Своето деби во Премиер лигата го имал на 1 февруари 2020, во ремито 3-3 на домашен терен против . Својот прв гол за чеканите го постигнал во победата со 3-2 на домашен терен над на 1 јули 2020. Сезоната ја завршил со 13 настапи и 3 гола (сите постигнати после паузата поради пандемијата на КОВИД-19).

Задоволувајќи ја управата на Вест Хем и менаџерот Дејвид Мојес со своите игри во сезоната 2019-2020, на 24 јули 2020, Соучек бил откупен од Вест Хем за 21 милион евра потпишувајќи четиригодишен договор со лондонската екипа. Тој одбрал да го носи дресот со број 28.

thumb|upright|Соучек со Вест Хем. Својот прв првенствен гол за сезоната 2020-2021, Соучек го постигнал на 7 ноември 2020, носејќи им ја победата на чеканите во судиското продолжение од натпреварот против на домашен терен добиен со 1-0. На 1 јануари 2021, Соучек го постигнал првиот гол во Премиер лигата за календарската 2021 година, погодувајќи ја мрежата на Евертон во успехот на Вест Хем со 0-1 на Гудисон Парк. Сезоната ја завршил со вкупно 41 настап и 10 гола, завршувајќи како најдобар стрелец на Вест Хем Јунајтед во Премиер лигата со 10 постигнати гола, колку што дал и Мајкл Антонио.

На 7 јуни 2023 година, Соучек играл во финалето на Лигата на конференции, против Фиорентина во Прага. Вест Хем победил со 2-1 во тој натпревар и го освоил првиот трофеј по 43 години. На 1 јануари 2024 година, тој потпишал нов договор со клубот до 2027 година.

На 13 септември 2025 година, Соучек бил исклучен во 54-тата минута, добивајќи директен црвен картон поради опасен старт над Жоао Палиња во поразот на домашен терен од Тотенхем Хотспар со 3–0. Црвениот картон му донел суспензија од три натпревар во кој немал право да настапи. На 10 февруари 2026 година, Соучек постигнал гол во ремито 1-1 против Манчестер Јунајтед, погодок што бил неговиот 39-ти во Премиер лигата, надминувајќи го рекордот на Патрик Бергер за најмногу постигнати голови од чешки фудбалер во историјата на Премиер лигата. На крајот од сезоната 2025-2026, која Соучек ја завршил со вкупно 39 настапи и 6 гола комбинирано во првенството и куповите, Вест Хем испаднале од Премиер лигата за првпат после 14 години.

Репрезентативна кариера thumb|left|Соучек играјќи за чешката репрезентација. Соучек ја претставувал Чешка во неколку младински репрезентации: под 19, под 20 и под 21 година.

Со репрезентацијата под 21 година играл на Европското првенство под 21 година 2017 во Полска, играјќи во сите три натпревари на Чешка на турнирот.

Своето деби за сениорската репрезентација, Соучек го имал на 15 ноември 2016 година, во пријателски натпревар против Данска. Својот прв гол за чешката репрезентација го постигнал во победата со 2-1 над во уште еден пријателски натпревар.

На 24 март 2021, Соучек постигнал хет-трик во гостинската победа со 6-2 над во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022.

Во јуни 2021, Соучек бил повикан во чешката репрезентација за Европското првенство 2020. Тој играл во сите три натпревари од групната фаза, а потоа бил и капитен на својата земја во победата со 2-0 над во осминафиналето. Чешка го завршила учеството на првенството во четвртфиналето, после поразот од со 1-2.

Во мај 2024 година, бил повикан во составот за Европското првенство 2024, неговото второ во кариерата. Како капитен на репрезентацијата, тој ги започнал сите три натпревари во групата и постигнал гол во последниот натпревар против , но не можел да и овозможи на својата земја да помине во следната фаза.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 13 јуни 2026 Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол2014-јан.2015 1Л 0 0 КЧ - - - - - - 0 0јан.-јун.2015 Викторија Жижков 2Л 14 0 КЧ - - - - - - 14 02015–2016 1Л 29 7 КЧ 2 0 - - - - 31 72016-јан.2017 2Л 7 0 КЧ 1 0 ЛШ 5 0 - - 13 0јан.-јун. 2017 Слован Либерец 1Л 12 0 КЧ 1 0 - - - - 13 02017-2018 1Л 27 3 КЧ 4 0 ЛШ+ЛЕ 3во квалификациите+5 0+0 - - 39 32018-2019 1Л 29+5 10+3 КЧ 2 3 ЛШ+ЛЕ 2+11 0+2 - - 49 18 2019-јан.2020 1Л 17 8 КЧ - - ЛШ 82 настапи во квалификациите 2 СЧ 1 2 26 12Вкупно Славија Прага 114 31 9 3 34 4 1 2 158 40 јан.-јун. 2020 ПЛ 13 3 - - - - - - 13 3 2020-2021 ПЛ 38 10 ФАКуп+ЛК 3+0 0 - - - - - - 41 10 2021-2022 ПЛ 35 5 ФАКуп+ЛК 3+2 0+0 ЛЕ 11 1 - - - 51 6 2022-2023 ПЛ 36 2 ФАКуп+ЛК 3+0 0+0 ЛК 112 Nei turni preliminari 1Nei turni preliminari - - - 50 3 2023-2024 ПЛ 37 7 ФАКуп+ЛК 2+3 0+1 ЛЕ 10 2 - - - 52 10 2024-2025 ПЛ 35 9 ФАКуп+ЛК 1+2 0+0 - - - - - - 38 9 2025-2026 ПЛ 35 5 ФАКуп+ЛК 1 1 - - - - - - 25 5Вкупно Вест Хем Јунајтед 229 41 23 2 32 4 - - 284 47Вкупно во кариерата 369 72 33 5 66 8 1 2 469 87

Хет-трикови Хет-триковиДатаМестоЕкипаПротивникГоловиРезултатНатпреварувањеИзвештај1 24/03/2021 Арена Лублин, Лублин 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 2 - 6 Квал. за СП 2022 Извештај

Титули Клупски Славија Прага Прва фудбалска лига на Чешка : 1 2018-2019 Фудбалски куп на Чешка : 2 2017-2018, 2018-2019

Вест Хем Јунајтед УЕФА Лига на конференции : 1 2022-2023

Поединечни Чешки фудбалер на годината: 2019, 2020, 2023, 2024 Златна топка (Чешка): 2020

Наводи

Надворешни врски

Томаш Соучек на soccerway Томаш Соучек на transfermarkt Томаш Соучек на espn Томаш Соучек на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Чешки фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026