Пашини Грамади — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Шивец. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време. Во нивата на еден жител, која е источно од селската црква, се наоѓаат грамади од градежен камен и множество делови од керамички садови. Најдени биле и делови од надгробни стели со старогрчки натписи.

Поврзано Селиште — населба од доцноантичкото време; Шивец; Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.

Наводи