Борис Ефремов Петковски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис За време на окупацијата се вклучил во подготовките за оружено востание против окупаторот. Често бил прогонуван од бугарската фашистичка полиција. На неколкупати бил вршен претрес, во неговата куќа. Во редовите на Третата македонска ударна бригада стапил во 1944 година. Во бригадата бил поставен за телефонист. Поверените задачи ги извршувал со успех. Кога не бил ангажиран покрај телефонскиот апарат, заедно со другите соборци се борел со оружје против непријателот. Бил учесник во повеќе борби на својата бригада против окупаторската буrарска фашистичка војска и полиција, Германците и балистите. Загинал на 3 декември 1944 година во селото Раштак, Скопско.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје