1493 Кристофер Колумбо испловил од пристаништето во Кадис на своето второ патување кон Новиот Свет. 1513 Шпанскиот истражувач Васко Нуњес де Балбо ја поминал Панама и станал првиот Европеец кој го видел Тихиот Океан. 1555 Со мирот во Аугсбург, германските протестантски земји биле правно изедначени со римокатоличките. 1825 Меѓу Дарлингтон и Стоктон, во Велика Британија, била пуштена во сообраќај првата железничка линија за јавен сообраќај. Овој ден се смета за почеток на историјата на железничкиот сообраќај. 1940 Во Норвешка на власт дошла квислиншката влада (наречена според норвешкиот политичар и мајор Видкун Квислинг кој учестувал во германската агресија врз Норвешка во 1940 година, по што се прогласил за шеф на новосоздадената марионетска влада, а во 1945 година е осуден на смрт поради велепредавство), синоним на соработниците на фашистичкиот окупатор низ цела Европа. 1946 Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Друштвото го формирал Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност. 1990 Нелсон Мандела бил пуштен на слобода. 1999 Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“ излегол првиот број на весникот „Скок“. 25 септември
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 25 септември (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.