Благоја Трајков Митревски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, па се занимавал со земјоделство. Во октомври 1944 година, стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Со бригадата активно учествувал во борбите против балистите на падините на Водно и кај Треска. Бил учесник и во борбите за ослободувањето на Скопје. Потоа, се префрлил во дополнителниот баталјон на командата на заднината на Четириесет и првата дивизија. На 20 ноември 1945 година, несреќно се удавил во реката Вардар.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ