Алиндски астероиди (алинди) — група астероиди со голема полуоска од околу 2,5 ае и орбитално занесување од 0,4 до 0,65.Minor planet groups/families Наречена е по астероидот 887 Алинда, откриен од Макс Волф во 1918 г.

Овие тела се држат во подрачјето со орбитална резонанција со Јупитер во сооднос 1:3 (2,502 ае), што е блиску до резонанција 4:1 со Земјата (2,520 ае). Орбиталната занесеност на тело во оваа резонанција се зголемува со гравитациски пресеци со Јупитер сè додека не биде доведено во блиска средба долна планета, која ја нарушува резонанцијата.

Некои алинди имаат перихели многу блиски до Земјината орбита, од што произлегуваат низа блиски средби во четиригодишни интервали, поради резонанцијата 4:1 (приближно).

Една последица до ова е ситуацијата кога алиндски астероид е на неповолна положба за набљудување кога се наближува кон Земјата (на пример, при мало издолжување од Сонцето), тогаш оваа ситуација знае да трае со децении. Така, во 2010 г. е заклучено дека алиндскиот астероид 1915 Кецалкоатл е забележам само еднаш од 1985 г наваму.

Друга последица е тоа што некои од овие астероиди неколкупати доаѓааат релативно блиску Земјата, поради што се погодни за добри проучувања со радари од Земјината површина. Такви примери се 4179 Тевтат и 6489 Голевка, како и 2019 MO, кој се судрил со Земјата во јуни 2019 г.

Динамичка старост Резонанцијата 3:1 со Јупитер предизвикува повторливо накачување на занесеноста на астероидната орбита. Динамички младите членови имаат занесување од 0,30 до 0,34, претежно задржувајќи се во астероидниот појас на 1,7–3,4 ае од Сонцето. Постарите членови како 8709 Кадлу имаат занесеност од 0,465 до 0,475 иа ја пресекуваат Марсовата орбита. (8709 Кадлу доаѓа доволно блиску до Јупитер, Марс и Земјата за да биде гравитациски поттурнат) Најстарите членови со занесеност меѓу 0,57 и 0,75 ја пресекуваат Земјината орбита. Најзанесен астероид од групата е 3360 Сиринга, со вредност од 0,7 и орбита со динамички краток животен век.

Список

Име Голема полуоска Занесеност Наводи 887 Алинда 2,48422 0,56356 1429 Пемба 2,55185 0,33858 1550 Тито 2,54673 0,30984 1607 Мејвис 2,54783 0,30741 1915 Кецалкоатл 2,54207 0,57170 2608 Сенека 2,5035 0,57620 3360 Сиринга 2,46803 0,74295 3628 Божњемцова 2,53691 0,30052 3806 Тремејн 2,54058 0,31301 4179 Тевтат 2,51005 0,63423 5847 Вакија 2,54442 0,30086 5864 Монголфје 2,55866 0,32007 6318 Кронкајт 2,51002 0,46522 (6322) 1991 CQ 2,51628 0,47349 6489 Голевка 2,50768 0,60382 (6491) 1991 OA 2,50959 0,58946 7092 Кадмо 2,52493 0,70202 7345 Хапер 2,45047 0,32467 2,52739 0,33216 (7569) 1989 BK 2,54950 0,30348 7638 Гледман 2,53634 0,31606 2,53362 0,70851 8709 Кадлу 2,53497 0,48432 (9047) 1991 QF 2,52479 0,31661

Поврзано Аморски астероиди Аполонски астероиди Атонски астероиди

Наводи

Категорија:Астероиди

Категорија:Астероидни групи и семејства