Гаус (симб. G или Gs; кирилично: Г) — мерна единица со која се изразува магнетната индукција, наречена и густина на магнетниот тек. Единицата е дел од Гаусовиот мерен систем, кој ја наследил од постариот систем СГС-ЕМЕ (сантиметар-грам-секунда за електромагнетизам). Наречена е во 1936 г. во чест на германскиот математичар и физичар Карл Фридрих Гаус. Еден гаус е еднаков на еден максвел на квадратен сантиметар.
Со замената на СГС со Меѓународниот систем на мерни единици (СИ-систем), гаусот е исфрлен од употреба од страна на стандардизациските органи, но сè уште редовно се користи во разни научни гранки. СИ-единицата за густината на магнетниот тек е теслата (симб. T),NIST Special Publication 1038, Section 4.3.1 што одговара на .
Име, сибол и метрички претставки Иако не е составен дел од СИ-системот, примената на гаусот ги следи правилата на тие единици. Како и другите единици наречени по личност, има кратенка со голема буква (G), но се пишува „гаус“ со мала, освен на почетокот на реченицата. Гаусот често се здружува со метрички претставки, како на пр. милигаус (mG или mGs).
Претворање на единици
Гаисот е единицата за густина на магнетниот тек B во системот на Гаусови единици и е еднаква на Mxcm2 or g/Bi/s2, додека пак ерстедот е единица за -поле. Една тесла (T) соодветствува на 104 гауси, а еден ампер (A) на метар одговара на 4π × 10−3 ерстеди.
Единиците за магнетен тек Φ, кој е интегралот на магнетното -поле врз дадена плоштина, се веберот (Wb) во СИ-системот и максвелот (Mx) in Гаусовиот СГС-систем. Факторот на претворање е 108, бидејќи текот е интегралот на полето врз дадена површина, а површината е квадрат од растојанието, па така 104 (факторот) помножен со 102 на квадрат (фактор на претворање на линеарно растојание, т.е., санитиметри по метар). 108 = 104 × (102)2.
Типични вредности 10−9–10−8 G — магнетното поле на човечкиот мозок 10−6–10−3 G — магнетното поле на галактички молекуларни облаци. Типичните јачини на магнетното поле во меѓуѕвездената стредина на Млечниот Пат изенсуваат ∼5 μGs. 0,25–0,60 G — Земјиното магнетно поле на површината 25 G — Земјиното магнетно поле во јадротоBuffett, Bruce A. (2010), "Tidal dissipation and the strength of the Earth’s internal magnetic field", Nature, том 468, стр. 952–954, 50 G — типичен магнет за ладилник 100 G — железен магнет 1500 G — магнетното поле во една сончева дамка 10000 - 13000 G — остаточна магнетизација на неодиумско-железно-бориумски магнет 16000 - 22000 G — заситеност на високопробојните железни легури во трансформаторите 3000–70000 G — медицински апарат за магнетна резонанција 1012–1013 G — површината на неутронска ѕвезда 4 × 1013 G — квантниот електродинамички праг 1014 G — магнетното поле на магнетарот SGR J1745-2900 кој кружи околу супермасивната црна дупка Sgr A* во средиштето на Млечниот Пат. 1015 G — магнетното поле на некои новосоздадени магнетари 1017 G — горната граница на магнетизмот на една неутронска ѕвезда
Поврзано СГС-единици Тесла (единица)
Белешки
Наводи
Категорија:Единици за магнетна индукција Категорија:СГС-единици Категорија:Карл Фридрих Гаус