мини|десно|Кат Кат, спрат или етаж – просторот меѓу подот и таванот во една градба. Во европските земји приземјето не се смета за кат, додека во Америка и Русија истото се брои како кат.

Градби според бројот на катови Според бројот на надземните катови се зборува за еднокатници, двокатници, трикатници, повеќекатници и висококатници. Последните се нарекуваат и облакодери и може да имаат и повеќе од 100 ката.

Висина на катовите Висината на катовите соодветствува на видот на градбата: 2,66 метри, односно 16 скалила за современи станови, хотели или паркинзи; 3 метра, или 18 скалила за стари градби за живеење; 3,30 метри, или 20 скалила за деловни градби или болници (простор резервиран за кабли и климатизација); 4 метра, или 24 скалила за продавници со големи површини, изложбени салони и сл. (во овој случај често се користат ескалатори); 1,90 метри, или 10 скалила за воз или автобус на две нивоа. Висината може да биде многу поголема за одредени посебни градби (цркви, катедрали, кули).

Наводи

Категорија:Архитектура Категорија:Турцизми