Марија Петронијевиќ (, ) — српска глумица и ТВ-водителка.

Животопис Марија е родена во Пожега, каде што завршила основно и средно училиште. Со глума се занимава од 2007 година. Таа се прославила со улогата на Јасна во филмот Завет, чија улога ја добила по кастингот каде учествувале над 4.000 девојки. Филмот Завет, на Емир Кустурица, бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2007 година. По снимањето на филмот Завет, таа добила улога во серијата Село гори, а баба се чешла. Покрај глумата, таа се обидела и како водител како водител на емисијата 48 часа свадба. Потоа е во реалното шоу Првиот готвач на Србија, а потоа и во реалното шоу Фарма .

Наводи

Надворешни врски Марија Петронијевиќ вечно благодарна на Куста („Вечерње новости“, 3 мај 2016 година)

Категорија:Живи луѓе Категорија:Српски глумци