30 п.н.е.  Клеопатра VII, последен владетел на Египет од Птоломејската династија, извршила самоубиство по поразот на Марко Антониј од страна на Октавијан. 1833  Основан е градот Чикаго, Илиноис. 1908  Направен е првиот „Форд Т“. 1914  Прва светска војна: Велика Британија ѝ објавила војна на Австроунгарија. 1945  Основано е Македонското лекарско здружение. 1952  Атомски проби: Советскиот проект за атомска бомба продолжува со детонација на Joe 4, првото Советско термојадрено оружје. 1952  Ноќта на убиените поети: По наредба на Сталин убиени се тринаесет видни еврејски писатели, поети, уметници, музичари и глумци во затворот Љубјанка во Москва. 1960  Лансиран е „Ехо I“ — првиот комуникациски сателит. 1978  Јапонија и Народна Република Кина го потпишале Договорот за мир и пријателство. 1990  Осветен е Соборниот храм на Македонската православна црква во Скопје, посветен на Св. Климент Охридски. 12 август