Петре Б. Христовски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Есента 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, во чиј состав водел крвави борби против балистичките банди во Скопска Црна Гора и против Германците во борбите за ослободување на Скопје. Борбата против балистите ја продолжил на Косово, до конечното нивно уништување. Потоа учествувал и во завршните операции за ослободување на Југославија. По пробивот на Сремскиот фронт, ја продолжил борбата против непријателот. На 16 април 1945 година храбро загинал, во големата борба за ослободување на Врпоље.
Поврзано
Коста Христовски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ