Halo: Combat Evolved (македонски: Ореол: Развиена борба), попозната како Halo (транскрипција: Хејло или Хало) или Halo 1 — пукачка игра од прво лице, направена од Bungie Studios (транскр. Банџи студиос) и објавена од Microsoft Game Studios (сега Xbox Game Studios) на 15 ноември 2001 година, како прво излегување за играчката конзола Xbox. Таа е првата игра во серијалот Halo.
Во 2003 година, „Мајкрософт“ ги пуштил во продажба соодветните адаптации за „Мајкрософт виндоус“ — верзија развиена од „Гирбокс софтвер“ и macOS x — додека заплетот доведол до производство на низа романи и стрипови сместени во измислениот универзум на виртуелната игра. Подоцна, во 2007 година, изворниот Xbox бил ставен на располагање за симнување на тврдиот диск од која било конзола Xbox 360. На Electronic Entertainment Expo во 2011 година, „Мајкрософт“ објавил верзија наречена Halo: Combat Evolved Anniversary, која била објавена на 15 ноември 2011 година за одбележување на десетгодишнината од првото излегување на играта на пазарот. Меѓу новите особености што ги вклучила оваа верзија биле режим за соработка (multiplayer) и подобрена графика што се користела и во Halo: Reach.
Заплетот на Halo се случува во XXVI век, време кога играчот ја презема улогата на Мастер Чиф (Master Chief, Главниот Началник), генетски подобрен војник, кој е придружуван од Кортана, вештачка интелигенција. Во текот на приказната, корисникот се соочува со разни вонземјани — и во непосредни соочувања рака на рака, а и во возила — во нивниот обид да ги откријат тајните на Хејло, вештачки свет обликуван како прстен. Критичарите ја нарекле играта „лесна за учење“, фалејќи ја главно за нејзината „привлечна приказна“. Слично на тоа, многу списанија што се занимаваат со содржина на видеоигри ја опишале Halo како „една од најдобрите и најважните видеоигри на сите времиња“. Заклучно со 9 ноември 2005 година, повеќе од пет милиони примероци на играта биле продадени ширум светот. Дополнително, играта служела како вдахновение и се користела во Red vs. Blue, создадена од обожавателите на Halo, за која се смета дека е „првиот голем успех“ на машинима-техниката на користење игри со 3Д-графика во вистинско време, што обично се наоѓаат во некои видеоигри за создавање анимирани филмови.
Играчки процес Halo е пукачка видеоигра (шутер) од прво лице во тримерна средина, каде што дејството се одвива речиси целосно од гледиште на ликот на играчот. Во основа, играчот може слободно да се движи низ таа средина и да го сосредоточи својот поглед нагоре, надолу, лево или десно. Постојат различни видови возила што може да ги користи корисникот, почнувајќи од оклопни џипови и воени тенкови, до лебдилки и вонземјански бродови. Кога Чиф вози или се качува на едно од овие возила за да управува со оружјето, системот на играта прифаќа гледиште од трето лице. Изворното гледиште преовладува кога ликот едноставно оди како патник. Чиф е опремен со енергетски штит што ја впива штетата од непријателот, како и неколку здравствени точки (health points). Штитното полнење се појавува како мала сина лента во горниот десен агол на знакот ХУД (HUD). Штом полнењето на штитот е речиси исцрпено, играчот станува многу ранлив и секоја дополнителна штета што ќе ја направи играчот непосредно ќе влијае на нивото на здравје на ликот. Штитот автоматски се полни кога нема да се направи значителна штета за одреден временски период.
Вградениот борбен арсенал на Halo се состои од секаков вид оружје типично за научнофантастичните приказни. Некои критичари конкретно ја пофалиле оваа особина, бидејќи секое оружје има конкретна улога што се покажува корисна во текот на настаните. На пример, на плазмените пиштоли им е потребно време да се оладат ако брзо пукаат, иако не можат повторно да се наполнат поради тоа што нивната батерија се празни и потребно е да се фрли и да се земе нова. Спротивно на тоа, вообичаените огнени оружја не се прегреваат, но бараат доволно муниција за да работат. Играчите можат да носат само две оружја во исто време, едно со кое може да се насочи и да се нападне, и едно што се користи како резерва, па затоа е неопходна стратегија кога се избира кое оружје да се користи.
Иако претходно било кажано дека Halo поседува особини карактеристични за неговиот жанр, тој исто така се издвојува по прикажувањето на некои елементи што не се својствени за пукачките игри од прво лице. На пример, од играчот не се бара да го остави оружјето пред да фрли рачна граната или кога користи апарати за блиска борба; наместо тоа, двата напади можат да се изведат во исто време, дури и кога е опремено оружјето. Сите оружја може да се користат за напад на непријатели, дозволувајќи му на Мастер Чиф скришум да ги убива противниците без да ги предупреди другите. Тој може да носи до осум гранати одеднаш: четири расцепувачки (англ. frag) и четири плазмени (англ. plasma), соодветно. Како и другите оружја во играта, двата вида гранати се разликуваат една од друга: расцепувачката граната отскокнува и избувнува веднаш, додека плазмената се држи до целта претходно избувнувајќи. Постојат четири нивоа на тежина што играчот може да ги избере: лесно, нормално, јуначко и легендарно. Разликите се во тоа што во првите нивоа непријателите не се толку тешки за убивање и пречките полесно се надминуваат, додека во подоцнежните, играчот мора да помине низ попредизвикувачки предизвици бидејќи непријателите имаат подобро нишанење и поголем отпор. Содржина
Заднина мини|Главната приказна за Halo се посветува на откривање на огромен прстен (наречен Ореол), кој главните јунаци го истражуваат, и ја откриваат неговата улога. Настаните за Halo (транскр. Хејло) се раскажуваат во универзум на научна фантастика создаден од Bungie Studios (транскр. Банџи студиос), посебно за играта. Според приказната, по пренаселеноста на Земјата и спроведувањето на меѓуѕвезденото патување со поголема брзина од светлината, човечкото население се вклучува во колонизација на други планети. За да го олесни ова, агенцијата UNSC (ВКОН — Вселенска команда на Обединетите нации) воспоставува човечка колонија на планетата Reach (транскр. Рич) како бродоградилиште и научен и воен истражувачки центар. Таму, кратко време се воспоставува таен воен експеримент, познат како Проект СПАРТАНЕЦ, чија цел е да се создаде војска на генетски подобрени кибернетички супервојници. Дваесет и седум години пред да се случат настаните во играта, група технолошки напредни вонземјански раси, познати како Covenant („Заветот“ на македонски, транскр. Ковенант) започнуваат да ја напаѓаат колонијата затоа што, за нив, човечките суштества се напаѓале со нивните богови и тие биле бунтовни суштества. Тогаш ВКОН претрпува низа огромни порази и иако супервојниците СПАРТАНЕЦ-II умеат успешно да ги задржат силите на Заветот, тие не се во можност да спречат војна.Bungie Studios.Упатство за употреба на Halo: Combat Evolved
За да се подготват за мисија да ја пронајдат местоположбата на матичната планета на Заветот, војниците СПАРТАНЕЦ-II се состануваат на Рич за да добијат дополнителни показатели за сложениот проект. Два дена пред да започне мисијата, силите на Заветот го напаѓаат Рич и ја уништуваат целата колонија. Вселенското летало „Столбот на есента“ (англ. The Pillar of Autumn) е единствено што го преживува упадот, а во него е командантот СПАРТАНЕЦ-II, Мастер Чиф (англ. Master Chief). Меѓутоа, тој преземува бесцелно меѓуѕвездено патување — слично на замислата за хиперпростор — со надеж дека ќе ја избрка непријателската раса од Земјата. Играта започнува кога „Столбот на есента“ пристигнува во Хејло.
Името на играта потекнува од Хејло, огромна прстеновидна градба, способна да поддржува живот во вселената, а чиј пречник — според студиото Банџи — е десет илјади километри. Ова место е во Лагранжовата точка, сместена помеѓу планета и нејзината соодветна месечина. Центрифугалната сила предизвикана од вртењето на градбата за возврат ја обезбедува гравитацијата на прстенот.
Нивоа За возврат, играта се состои од вкупно десет нивоа во режимот на кампањата:
„Столбот на есента“ — Тој има три цели и последната е да се излезе од бродот „Столбот на есента“. „Хејло“ — Има две цели, а битките и судирите со Заветот изобилуваат бидејќи се бараат повеќе преживеани. „Вистина и помирување“ — Мастер Чиф влегува во воениот брод на Заветот за да го спаси капетанот Киз. „Тивкиот картограф“ — Целта е да се најде картографот, со цел да се определи надзорната соба на Хејло (Ореол). „Напад врз надзорната соба“ — Најдолгото ниво во играта и целта на играчот е да стигне до надзорната соба пред Заветот. „343 Гилти Спарк“ — Вашата главна цел е повторно да го пронајдете Киз и да избегате откако ќе го откриете Потопот (The Flood). „Библиотеката“ — Единствената цел на нивото е да го вратите Индексот. „Две предавства“ — Нивото е исто како „Напад врз надзорната соба“, само што играчот оди во спротивна насока и е ноќ. Целта е да се уништат три „соединувачки фазни реактори“, уреди создадени од Форанер (Forerunner) за започнување на објектите во прстенестите светови. „Киз“ — Повторно, Киз мора да биде пронајден со цел да се вратат неговите нервни ткива и со тоа да се започне самоуништувањето на „Столбот на есента“. „Устата“ — Се состои од три дела и завршува со бегство од внатрешноста на бродот непосредно пред да избувне.
Заплет Содржината на играта е поврзана во упатството за употреба, и во дијалозите и расказите на ликовите, како и во некои сцени. Halo започнува кога „Столбот на есента“ излегува од хиперпросторот и пристигнува во таинствената вселенска станица во облик на прстен наречена „Ореол“ (Halo на англ.), според Заветот. Флота на Заветот одеднаш го напаѓа бродот, сериозно оштетувајќи го. Капетанот Џејкоб Киз тогаш го воведува „Протоколот Кол“, постапка замислена да спречи Заветот да добие известувања за местоположбата на Земјата. Додека Киз го маневрира бродот за да слета на прстенестата планета, Мастер Чиф и Кортана, заедно со група војници, бегаат низ „вселенска капсула“, која се удира на површината на прстенот; Кортана и Чиф се единствените што го преживуваат ударот на капсулата.
Киз го преживува слетувањето на „Столбот на есента“, но Заветот го заробува. Во второто и третото ниво на играта, Мастер Чиф и Кортана се состануваат со некои преживеани луѓе и го спасуваат Киз, кого го држат затворен во Заветовиот брод „Вистина и помирување“. Откако ќе биде спасен, Киз го замолува Чиф да го победи Заветот и да замине во Командниот центар на Хејло, со цел да ја научат целта на оваа градба. Потоа, Чиф (Chief) и Кортана (Cortana) пристигнуваат во „просторијата за карти“ — тоа е, каде што холограмот ја покажува градбата во целост — познат како „Тивок картограф“ — иако е исто така познат и како „Библиотека“, што ги води во надзорната соба. Таму, Кортана пристапува до системите и открива нешто важно, па му наложува на Чиф да го пронајде Киз, додека таа останува таму. Додека трага по неговиот адмирал, Чиф открива дека Заветот случајно го ослободил Потопот (англ. The Flood, транскр. Флад), вонземјанска раса паразити, способна да зарази други чувствителни форми на живот. Киз станува жртва на Потопот додека барал некое оружје. Ослободувањето на паразитите предизвикува вештачката интелигенција на Хејло, 343 Guilty Spark (мак. 343 Виновна Искра, транскр. 343 Гилти Спарк), да го придобие Мастер Чиф за враќање на Индексот, уред што ќе го пушти Хејло, спречувајќи го Потопот да се шири надвор од градбата.
Откако Мастер Чиф ќе го добие Индексот и ќе почне да го користи, Кортана повторно се појавува на сцената за да го предупреди за пуштањето на Хејло — одбранбениот систем на Хејло е оружје составено да го убие секој жив облик во галаксијата. Пуштањето на Хејло не само што ќе ги уништи сите форми на живот во градбата на прстенот, вклучително и нив, и Потопот што треба да зарази други живи организми за да преживее, но исто така ќе започне и други помошни објекти, што би значело истребување на целиот живот во галаксијата.